Историски гледано, европските селекции не се снаоѓаат добро на Светските првенства што се одржуваат надвор од нивниот континент. Овој пат, не е баш така.
Повторувањето на историскиот успех на СП од пред 20 години Хрватите го слават како никој. Нема град и плоштад на кој нема бакљада. Земјата е во вистински транс и што ли може да приредат повеќе од ова доколку момчињата на Далиќ направат чекор повеќе во Русија.
Бранел на времето за Спартак и Ломотив Москва како и за Динамо Дрезден и австрискиот Тирол. Пред да стане селектор на Русија беше тренер на Спартак Москва и на полска Легија Варшава. А како бранел подобро и да не бранел.
Хрватска не спиеше синоќа, ама не се спиеше ниту во хотелот на Сочи каде беше сместена хрватската репрезентација. Селекторот ни ја пренесува атмосферата каде фудбалерите испентарени на столи и маси го слават полуфиналето.
Стрелецот на вториот гол за Хрватска, стоперот Вида и членот на стручниот штаб Огњен Вукојевиќ синоќа снимиле видео во кое ја величаат Украина што Русите го сфатиле како провокација. Двајцата долго време играа за Динамо Киев, едниот седум години, другиот пет па затоа ваков излив на емоции за Украинците кои во квалификациите за Светско испаднаа токму од Хрватска.
Ја гледаш победничката атмосфера во соблекувалната на Хрватска и да не ја познаваш ќе помислиш дека плавата женска им е можеби физиотерапевтката, а тоа да ти биде претседателската на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ. За пласманот во четвртфинале ги гушкаше во соблекувална, сега скока со нив, а ако влезат во финале со колут напред ќе им влезе.
Златко Далиќ можеби беше единствениот Хрват кој вечерва не беше на нозе за време на последниот пенал и не гледаше што ќе направи Ракитиќ. Откако фудбалерот на Барселона го реши мечот, скаутот на репрезентацијата Огњан Вукојевиќ скокна прв да го гушка.
По 120 минути драматичен фудбал во Сочи и вкупно 4 гола од кои 2 во продолженијата, златната генерација предводена од Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ, Перишиќ...е меѓу најдобрите четири селекции во светот. Тоа е истиот успех од СП Франција 1998.
Дури осум од десет гола Англичаните на ова Светско постигнаа после прекин. По Стоунс против Панама, сега и вториот висок стопер Хари Мегвајер се запиша во листата на стрелците. Англија ќе го чека во полуфинале подобриот од мечот Русија - Хрватска (20 часот).
Белгија е во полуфинале на Светско првенство првпат после 1986-та година. Откако го збришаа и петкратниот светски првак и закажаа мега-дерби со Франција во полуфиналето, славјето ширум земјата траело цела ноќ.
Шаховницата на хрватскиот дрес е една од најнестандардните и најнеобичните во фудбалот. Но самата идеја за неа не е поврзана со љубовта на нацијата кон шах, ниту со мејнстримот на толпата.
Селекцијата на Франција ја оправда фаворитската улора против Уругвај кој без повредениот Кавани беше драстично ослабен во напад. Составот на Дешамп вечерва ќе го дознае противникот во полуфиналето, а тој ќе биде Белгија или Бразил.
Селекторот на Уругвај, 71-годишниот Оскар Табарез е една од најмаркантните фигури на Светското 2018. Имасериозен здравствен проблем (синдромот Гијен-Баре), но тоа не му сметаше да го внесе Уругвај во четвртфиналето и да го исфрли Кристијано Роналдо од Светското првенство.
Мексиканецот Гилберто кој до сега бил на пет Светски првенства, шестото го доживеа најтажно што може. Застана пред Бољшој театарот во Моксва за што сонуваше ќерка му, беше до Сант Петербург со воз како што сакаше жена му и доби потпишан дрес од Нејмар за син му.
И покрај тоа што некои француски лидери не го сакале, сметајќи дека не е доволно маркантен за да биде национален симбол, петелот низ вековите ја сочувал својата гордост, и денес важи за препознатлив амблем на оваа земја и на нејзините „галски петли“.
Фудбалерите на Шкендија за пет дена го играат првото квалификациско коло за ЛШ, а првиот човек на нивните противници е веќе на пат за Скопје. Малку им прегреа џипот по пат, ама за сега добро тераат, барем во првите два од петте дена пат кои ги испланирале. Каков шампион.
Поминаа 11 години од една од најголемите победи на Хрватска во историјата на нивниот фудбал. Ја шокираа Англија на Џерард, Лампард, Фердинанд и Крауч среде „Вембли“ и ги оставија без пласман на Европско.
Четврфиналната програма започнува со дуелот Франција - Уругвај. Победникот од овој меч во полуфинале оди на подобриот од Бразил - Белгија. Отсутни повредениот Кавани и „пожолтените“ Каземиро и Матуиди.
Интер лека полека го крчка составот за Лига на шампиони и на тема засилувања за сега е на одличен пат. Дел од навивачите беа скептици дека Икарди е дораснат за капитенската лента, ама со потегов ги купи сите.
Во 2005 година малиот Хари Кејн со една негова другарка и уште неколку деца се сликаат со капитенот на Англија Дејвид Бекам. 13 години подоцна, Кејн е капитен на Англија и најдобар стрелец на Светското а девојчето од сликата е негова сопруга со која има дете.