Статистиката од Македонија - Гибралтар е живи комедии
Столе Димитриевски синоќа можеше комотно да се смести и да пополни место на празните трибините, бидејќи Македонија си имаше работа со тотален фудбалски аутсајдер против кој 90 минути играше викторија. Добро им досудија еден офсајд, значи поминале половина.
Не дека им се ситиме, дечките и покрај евидентната немоќ одиграа фер и коректно, ама па доста патевме со години и губевме од кој стигнеме. Убаво е кога гледа човек дека најпцуената репрезентација конечно пронајде некој добар пат.