Ренцо е млад навивач на Ривер Плејт, а неговиот сон е да влезе на Монументал, стадионот каде на 24 ноември ќе се одигра најважното Суперкласико во историјата.
За да си ја оствари желбата, малиот е спремен да се лиши од сè.
Пазете ја тажнава слика. Направил тезга на која ги продава своите играчки за да собере пари и да оди во Буенос Аирес.
Сликата до толку се рашири, што стигна и до Шпанија, поточно до филијалата на навивачи на Ривер Плејт во Малага кои му ја контактирале фамилијата и се понудиле да помогнат.
Навивачите му нудат билет за него и за мајка му, две повратни авионски карти и дополнителна финансиска помош за храна.
Но имало само еден услов, а тоа е никако да не ги продава играчките, со образложение дека Ривер не е само фудбал, туку е и семејство, љубов и страст.
Првиот натпревар меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт заврши 2:2, а реваншот од финалето сега се сели на стадионот на Ривер.
Шест годишниот Ренцо живее во град 500 километри оддалечен од Буенос Аирес. Уште еден показател дека фудбалот е повеќе од игра.