Дербито Бока Јуниорс - Ривер Плејт заврши 1:1 и сите зборуваат за шансата на гостите во 90-та минута кога готово беше да биде 1:2 со автогол. Но во еден момент се гледа како топката добива чудно ефе и излегува од гол.
Безброј пати сме утврдиле дека фудбалската страст на Суперкласико ги надминува сите граници на нормалата, но и покрај тоа што сме се изнагледале клипови и фотки од тоа чудо, не можеш бре да го рипнеш.
Ривер Плејт и Бока Јуниорс ја потсетија Европа како се игра фудбал со страст и срце. Пред скоро полн „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид „милионерите“ славеа 3:1 и се радуваа на пехарот во Копа Либертадорес.
Извесен Мартин Фирпо е човекот кој фрла голем камен кон автобусот на Бока Јуниорс при што неколку фудбалери се повредени од скршените стакла. Полицијата го препознала и го уапсила, а тој изјавил дека се кае за тоа што го направил затоа што не размислувал во моментот на афект и адреналин.
Во општата трка меѓу неколку градови кои сакаа да го добијат домаќинството на најголемото дерби на светот - на крајот победи Мадрид. Ама сега Аргентинците се жалат дека целава рапсодија околу Суперкласико во Европа е тотално бесмислена.
Од големиот број на видеа кои се појавија после хаосот на дербито Ривер - Бока кое на крај се одложи, се издвои една мајка без памет кога си го искористи детето за да шверца пиротехника на стадион. Полицијата ја нашла, ја идентификувала и ја однела во станица. Се соочува со затворска казна.
Финалето меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт во Копа Либертадорес требаше да биде најголемата и најважата пресметка во нивното 127 годишно соочување, но наместо тоа се претвори во најголем срам, но и страв за сите кои беа дел од него.
На лудилото во аргентинскиот фудбал му нема крај. Бока Јуниорс во очи на реванш средбата од финалето против големиот ривал Ривер Плејт во Копа Либертадорес доби поддршка од 50, да 50.000 навивачи на тренинг. Кога ќе го погледнете овој земјотрес, ама буквално земјотрес, ќе мислите дека мечот е веќе почнат.
2018-та година ќе остане врежена како посебна и историска во аналите на аргентинскиот фудбал, бидејќи дербито кое се смета за најголемо во светот за прв пат од 1913-та од домашната се префрли на меѓународната сцена или поточно во финалето на Копа Либертадорес. На 11 ноември на Ла Бомбонера заврши 2:2, а оваа сабота се игра реваншот на Ел Монументал.
Се вика Ренцо, има 6 години и има голема животна желба, а тоа е да го гледа фудбалскиот натпревар за кој се вели дека мора да се доживее пред да се умре. Далеку му е 500 км.
Во рускиот фудбал се отвори полемика околу намерните и многу ризични стартови на Леандро Паредес во кого сомневаат дека намерно направил црвен картон за да земе слободни денови.
Аргентинското „Суперкласико“ кое важи за едно од најжестоките дербија во светот ретко може во новинарските извештаи да помине само со опис за фудбалската игра. Лани петмина фудбалери на Ривер Плејт завршија во болница, а викендов петмина добија црвен картон.
Третото овосезонско дерби меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата имаше неславен крај, откако домашните навивачи се протнаа во тунелот и фрлија солзавец директно во пет фудбалери на Ривер.
Во првиот дел од трилогијата „Суперкласико“, Бока Јуниорс го совлада Ривер со головите на тандемот Павон-Перез во финишот. По дербито во првенството, во петок нè очекува второто дерби, а прво од полуфиналето на Копа Либертадорес.
Откако лани играа во полуфиналето на Копа Судамерикана, најголемите ривали во Јужна Америка повторно ќе се сретнат, овој пат во елитната Копа Либертадорес, но и во првенството. Само три пати до сега играле меѓу себе во Либертадорес.
Постои огромно ривалство меѓу Рома и Лацио, Селтик и Ренџерс, Звезда и Партизан, Фенер и Галата, Ливерпул и Манчестер, Барса и Реал... но мајката на сите дербија е „Суперкласикото" меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт.
Минатата недела се одигра аргентинското „Суперкласико" помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс на кој не им беше дозволено присуство на гостинските навивачи, па тие го искористија следниот натпревар за сеир и прослава на победата над најголемиот ривал.