Титер, Инстаграм, Фејсбук, Линкдин - речиси сите социјални мрежи деновиве се полни со најави за големото дерби Бока Јуниорс - Ривер Плејт, прв нивен дуел во финале на Копа Либертадорес.
Овие два клуба ги имаат можеби најжестоките навивачи на светот а ривалитетот кулминира кога играат меѓу себе. На овој двомеч во финалето се чека со нетрпение а некои од поранешните фудбалери на двата тима кои играат по Европа, сега бараат каква било причина за да му ја здувнат дома.
Таков е Леандро Паредес, добар техничар и мошне груб фудбалер, дете на Бока и сегашен играч на Зенит.
Минатото коло клубот од Санкт Петербург играше против Ахмат Грозни во руското првенство и победи со 1:0. А Паредес направил два груби старта и во рок од 15 минути добил два жолти и автоматски црвен картон. Посебно вториот прекршок на Паредес во 82’ минута бил многу груб и без никаква потреба на центарот од теренот:
Muchos hinchas del Zenit piensan que Leandro Paredes se hizo expulsar para viajar a ver Boca vs River.
— Andres Agulla (@aagulla_espn) November 6, 2018
Acá está la segunda amarilla, que piensan? pic.twitter.com/CEE1S7AQNu
Овој прекршок и црвен картон руските медиуми го толкуваат како намерен со цел Паредес да го пропушти следниот меч на Зенит и тоа можеби клучен во сезоната, гостување против ЦСКА во Москва, а со цел да се врати во Буенос Аирес и да го гледа дербито Бока - Ривер Плејт во финалето на Копа Либертадорес.
Леандро Паредес е повремен аргентински репрезентативец кој за две години во руското првенство заработил дури 15 жолти картони и е апсолутен рекордер по јавните опомени.
Тренерот на Зенит Сергеј Семак изјавил дека Паредес ќе биде казнет поради тоа што ја оставил екипата на цедило до крајот од мечот, а Бранислав Ивановиќ рекол дека ваквите работи на Паредес се повторуваат и дека треба да поработи на тој проблем затоа што влијае на екипата.