Фокс спорт објави нови снимки на кои тврди дека човекот кој се обиде да ги ослепе играчите на Ривер Плата е „Ел Панадеро“, ултрас навивач кој бил поврзан со политичари од опозициската партија во Аргентина.
Моментот се случи на полувремето од големото аргентинско дерби во Копа Либертадорес кога неколку навивачи направија дупка и уфрлија солзавец кој заврши директно во очите на гостинските фудбалери. Навивачот на Бока вака се правдаше:
„Не бев свесен за сериозноста на тоа што се случи. Вистината е дека го направив без да размислам, не знаев ниту за камерите кои беа над мене и не мислев дека така ќе заврши. Кога сфатив што се случило сакав да умрам. Веќе 25 години одам на стадион и никогаш не сум имал проблем. Сите ме знаат, сакам забава и ништо повеќе. Имам и семејство, замислете како и е на жена ми. Јас сум голем работник, станувам во 4 сабајле. Потиштен сум“, изјави Наполитано.
Инаку Јужноамериканската куќа на фудбалот Конмебол ја одби жалбата на Бока Јуниорс и ги потврди казните, а тоа се дисквалификување на Бока од Копа Либертадорес, парична казна од 200.000 долари, четири натпревари зад затворени врати, како и четири гостински меча без поддршка на своите навивачи.
Снимката на Фокс
Аргентинските медиуми објавија две слики од „Ел Панадеро" како гледа фудбал од терен.
А почнаа и со монтажи