
Натпреварот почна спектакуларно, Бомбонера светеше од пиротехника и кореографии, а пред почетокот имаше едно-минутен молк за Емануел Ортега, фудбалерот кој загина пред два дена кога удри со глава во ѕид за време на натпревар.
Првото полувреме заврши без голема тензија и проблеми. Иако фудбалерите на Бока беа многу нервозни и заработија дури пет жолти картони, на паузата се отиде мирно. Сепак кога гостинските фудбалери тргнаа кон тунелот во соблекувалните, неколку хулигани успеаа да направат дупка на тунелот и да уфрлат солзавец кој заврши директно во очите на фудбалерите на Ривер Плата.
Дуелот почна во фантастична атмосфера, својствена за најголемото светско дерби:
Еве како го активираа солзавецот:
„Копилињата нè отруја! Не гледам ништо!“, урлаше Лео Понсио пред камерата. Покрај него хемикалиите ги зафатија и Краневитеро, Фунес Морија, Пити Мартинез и Ванџони.
Проблемите продолжија на теренот, каде претседателот на Ривер Донофрио бараше прекин на мечот, а него го нападна тренерот на Бока Аруабарена. Во ситуација кога дури пет играчи не беа спремни да продолжат, судијата Ерера го прекина мечот после еден час и 20 минути. Ривер Плата најверојатно службено ќе го добие мечот и ќе обезбеди пласман во четврт-финалето на Копа Либертадорес.
Дронот со изглед на дух и буквата Б за втора лига:
Прекинот:
Средбата ја следеше и тенисерот Хуан Мартин Дел Потро