Дербито Бока - Ривер е нешто повеќе од фудбал

Безброј пати сме утврдиле дека фудбалската страст на Суперкласико ги надминува сите граници на нормалата, но и покрај тоа што сме се изнагледале клипови и фотки од тоа чудо, не можеш бре да го рипнеш.

Во своето 106 годишно ривалство, Бока Јуниорс и Ривер Плејт се имаат сретнатно 249 пати. Ривер имаа 88 победни, Бока 84, а 78 средби завршиле нерешено.

Нивното најтазе соочување се случи во полуфиналето на Копа Либертадорес (панданот на ЛШ во Јужна Америка). Ривер на реваншот отпатува со предност од 2:0.

Тоа што се случуваше и што греота е да не се види, е најнормална работа за амбиентот кој обично се создава на Ла Бомбонера. Домаќините славеа 1:0, недоволни за финале, каде ќе се соочат Ривер - Фламенго.

Гледајте и уживајте во овој С-П-Е-К-Т-А-К-Л

И редарот им се фрли

24 октомври 2019 - 09:46