По пауза од пет години, Бока Јуниорс минатата недела славеше на гостувањето кај Ривер Плата на најголемото аргентинско дерби познато како „Суперкласико".
Бока Јуниорс победи со 0:1 на стадионот Монументал пред повеќе од 60.000 гледачи помеѓу кои немаше гостински навивачи заради големиот број на инциденти во минатото.
Токму затоа навивачите на Бока го искористија натпреварот против Росарио Сентрал за прослава, но и за исмевање на Ривер Плата. Во текот на натпреварот групи на навивачи влегоа на трибините и се качија на оградите облечени како духови со буквата „Б" испишана на нивните гради. Со оваа буква тие има фаќаат сеир на Ривер Плата заради нивното испаѓање во Б (втора) лига и тие сега ги викаат РиБер Плата.
За да биде комплетна прославата, навивачите на Бока употребија и огномет, па судијата беше приморан да го прекине натпреварот кој продолжи по пауза од седум минути.