Средбата почна подобро за Бока Јуниорс на чија клупа како и повеќе пати сезонава останаа ветеранот Тевез, Мауро Зарате и стартерот од првиот меч на „Бомбонера“ Рамон Абила.
Поддржани од најбараниот фудбалер од двете екипи во моментов, Колумбиецот Вилмар Бариос како и крилото Виља, во шпицот на нападот на Бока беа Кристијан Павон и репрезентативецот Дарио Бенедето.
Токму Бенедето по едно фантастично додавање на Нандез во 44’ минута од првиот дел го отвори резултатот со маестрален бег на одбраната на Ривер:
✅ Идеальный пас
— Матч ТВ (@MatchTV) December 9, 2018
✅ Идеальная обработка
✅ Суперский гол
Так «Бока» открыла счет в Суперкласико 💪https://t.co/J4bior7PQM#РиверБока pic.twitter.com/5BzKlJeqk1
Ова беше петти гол на последните шест меча за Бенедето кој не баш ферски го прослави зад грбот на бекот на Ривер, Монтиело.
Еуфорија и громогласна песна за навивачите на Бока кои претходно беа надгласени од ривалите од спротивната страна (повеќето навивачи седеа зад двата гола).
Во вториот дел Ривер не падна психолошки туку излезе на терен храбро и одважно бараше гол. Заслужено го изработија израмнувањето со можеби најубавиот гол на вечерта по акцијата на Игнацио Фернандез и Енцо Перез за корпулентниот Лукас Прато да ја круниса со гол:
Гол, который подарил нам еще больше эмоционального футбола. Гениальная комбинация «Ривер Плейта», которую замкнул Пратто. Великолепно 👏
— Матч ТВ (@MatchTV) December 9, 2018
Еще не поздно включить: https://t.co/hlwztjzJMb#РиверБока pic.twitter.com/mgh8EQmZNi
Од тој момент се играше повеќе на половината на Бока која имаше неколку повремени полу-контри кои брзо ги завршуваа искусните стопери на Ривер Маидана и Пинола.
До крајот од регуларните 90 минути не видовме посериозни шанси и се влезе во продолженија. А таму, само што почна првото, Бока остана без својот клучен играч Вилмар Бариос кој доби втор жолт и автоматски црвен картон поради груб старт:
Тогаш веќе беше јасно дека Ривер дополнително ќе стисне на гас за да стигне поблизу до трофејот.
Клучен момент на средбата беше влегувањето на одличниот Колумбиец Хуан Кинтеро во 58’ минута од второто полувреме. Малиот и брз Кинтеро неверојатно ги проигруваше колегите а во 109’ минута од продолжението распали со левицата и постигна прекрасен гол за 2-1 и тотално лудило меѓу црвено-белите на „Сантијаго Бернабеу“:
При резултат 2:1 за Ривер, двајца фудбалери од одбраната на Бока беа во грчеви и едвај стоеа на нозе а нововлезениот капитен Гаго ги остави на цедило соиграчите и излезе од игра буквално среде игра без да добие знак од судијата или својот тренер:
Jamás había visto algo así..
— MC (@mateocarpio) December 9, 2018
Algun argentino loco que le meta una pisa a este marica? #RiverBoca pic.twitter.com/oO64kDiy0K
Бока со двајца играчи помалку кои излегоа поради повреда (тренерот Скелото ги направи сите измени), имаше сериозна шанса да израмни на 2-2 по еден шут на Леонардо Хара:
Бока последните пет-шест минути од мечот ги одигра со голманот излезен во противничкиот шеснаесетник. Таков ризик не се исплатеше и Ривер начека една топка за брза контра која што феноменалниот Гонзало Пити Мартинез ја заврши со гол во празната мрежа за конечни 3:1 и огромно славје на трибините каде што беа нивните навивачи:
На крајот од мечот наградата за најдобар играч на финалето од Копа Либертадорес заслужено ја доби Хуан Кинтеро кој имаше асистенција и гол и кој беше клучен за пресвртот на Ривер:
Кинтеро – лучший игрок финала Кубка Либертадорес 🔥
— Матч ТВ (@MatchTV) December 10, 2018
Пушка знатная:https://t.co/EhO9HWcZ8V
📷 инстаграм Кинтеро pic.twitter.com/bTzSYwoFCH
И старо и младо што навива за Ривер излезгло на улица во Буенос Аирес:
Ова беше 6 финале за Ривер и вкупно 4 титула во Копа Либертадорес. Бока го одигра 11 финале, има дури 6 титули.
Ривер изгубил финале во 1966 од Пењарол и 1976 од Крузеиро а му се радувал на пехарот во 1986, 1996, 2015 и 2018.
Од друга страна Бока губела финале во 1963 од Сантос, во 1979 од Олимпија Асунсион, во 2004 од Онсе Калдас, во 2012 од Коринтијанс и сега 2018 од Ривер.
РИВЕР - 4 ТИТУЛИ ВО КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС
БОКА - 6 ТИТУЛИ ВО КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС