Таг: дарио бенедето

Пеналот небо под облаци

На 5 август Олимпик Марсеј го договори 14-милиони евра вредниот трансфер на шпицот Дарио Бенедето од Бока Јуниорс. Бенедето важи за пеколен напаѓач, ама на гостувањето кај Нант така лошо изведе пенал, што топката уште ја бараат надвор на паркинг.

Дај малку јазикот да свртам лист

Дарио Бенедето му се кривеше на Гонзало Монтиело кога Бока поведе со 1:0 против Ривер во финалето од Копа Либертадорес. Потоа примија три гола, весниците се наполнија со пофални зборови за пресвртот и трофејот, а еден навивач на Ривер Плејт ги листаше на многу јак начин.

Незаборавниот меч го доби Ривер, и славје и тага во Буенос Аирес

Ривер Плејт и Бока Јуниорс ја потсетија Европа како се игра фудбал со страст и срце. Пред скоро полн „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид „милионерите“ славеа 3:1 и се радуваа на пехарот во Копа Либертадорес.

Фото на мечот Ривер - Бока

Големото финале конечно го доби својот шампион. По разни перипетии, Ривер синоќа во реваншот од Копа Либертадорес со 3-1 го совлада најголемиот ривал Бока Јуниорс. Гостите поведоа преку Дарио Бенедето кој при прославата му се кривеше на противничкиот бек Гонзало Монтиело.

Еврогол на дербито Бока - Палмеирас, Бомбонера полуде

Во првиот натпревар од двомечот на полуфиналето во Копа Либертадорес, Бока и Палмеирас играа тврд меч на кој до 83 минута немаше ќор гол. А потоа во само 5 минути Дарио Бенедето постигна два од кои вториот со страшен дриблинг беше преубав.

Ни Игуаин, ни Икарди - миленикот на Бока ќе ја вади Аргентина

Откако неколку пати се сопнаа на патот кон Светското, фудбалерите на Аргентина предводени од Меси и селекторот Сампаоли немаат право на кикс против пријатното изненадување Перу.

Новиот пеколен шпиц од Бока Јуниорс

Дарио Бенедето е роден на 17. мај 1990 година во местото Беразатегви во Аргентина. Играл во Арсенал Саранди, Дефенса и Џустисиа, Тихуана, Клуб Америка. Летово потпиша со Бока, ја доби деветката и синоќа се прослави со страшен хет-трик и асистенција против Килмеш на полната Бомонера.