Дарио Бенедето важи за омилен меѓу следбениците на Бока. На 11 години ја палел сцената како тапанар на групата Los del Pato. Еднаш го викнале и да гостува во најгледаното аргентинско шоу Pasión de Sábado.
На 16 години го дал првиот автограм но не како фудбалер туку како рок ѕвезда. Бенедето никогаш не одел во музичка школа, не посетувал курсеви, а со времето научил одлично да свири и на гитара.
Сериозно се занимавал со музика а паралелно и со фудбал. На 16 години морал да избере по кој пат ќе тргне и не се двоумел многу. Го избрал фудбалот и не погрешил - на 27 години стана репрезентативец на Аргентина а во неделата постигна преубав гол на епското финале на Копа Либертадорес против Ривер.
При прославата му се плазеше на противничкиот бек Монтиело зад грб и таа фотографија стана вирална.
Динамично е посмешно: