Чудесна ситуација пред гол на Суперкласико

Дербито Бока Јуниорс - Ривер Плејт заврши 1:1 и сите зборуваат за шансата на гостите во 90-та минута кога готово беше да биде 1:2 со автогол. Но во еден момент се гледа како топката добива чудно ефе и излегува од гол.

Во Аргентина Марадона го поистоветуваа со Бог и сега почнаа со монтажи и муабети дека тој ја спасил Бока од пораз, односно духот негов.

15 март 2021 - 09:21