Со својот став кон фудбалот Мирослав Клосе поместуваше планини. Можеби не беше најјакиот напаѓач и најелегантниот играч, но тој беше фокусиран и професионален, а неговата професионалност му помогна да стигне до врвот и да стане една од легендите на Баерн и селекцијата на Германија, се вели во видеото кое треба да го погледнат оние кои одат на фризер пред натпревар.
Тој е најдобриот стрелец на Мундијалите со 16 голови, оставајќи зад себе имиња како Роналдо и Пеле. Единствената работа која го интересираше беше фудбалот и сите млади играчи треба да се инспирираат од него.
„По секој тренинг со Лацио или со германската репрезентација, скокав во када полна со мраз за да избегнам повреди. Младите денеска го одбиваат тоа.
Кога ме гледаат како собирам топки ми велат: Кој те тера да го правиш, јас сум уморен. Може да си уморен, но имаш 20 години и зарем не можеш да му помогнеш на 60 годишен член од стручниот штаб кој секој ден се грижи за твоите ствари?
Фудбалот со кој јас растев не постои повеќе. Денес играчите повеќе се грижат за брзите коли, за тоа што ќе добијат и за тоа нивните имиња да бидат запишани на копачките. И после сево овие работи тие мислат на играта. Затоа престанав и реков доста е. За мене единствената работа на која мислев беше фудбалот и ништо друго“, вели Клосе.