Вирџил ван Дајк беше јунакот на Холандија. Високиот стопер на Ливерпул во еден од последните напади на својата репрезентација втрча во противничкиот шеснаесетник, начека еден убав центаршут и ја залепи топката во голот за конечни 2-2.
Овој бод е злато вреден за Холандија која што апсолутно неверојатно по воведните слаби настапи во групата со Германија и Франција, на крајот заврши прва и оди во следната фаза.
Но моментот на мечот беше по крајот. Додека сите Холанѓани славеа по теренот а нивните навивачи на трибините, јунакот Ван Дајк му пријде на главниот судија Овидиј Хацеган од Романија, го гушна и нешто му кажа.
После мечот Вирџил објасни што било:
„Се расплака затоа што неодамна мајка му починала. Му изразив сочуство и му посакав да остане силен. Му реков дека одлично судеше. Можеби е мала работа, но се надевам дека бар малку му помогнав“, раскажал Ван Дајк.
Referee Ovidiu Hategan recently lost his mother. Right after the FT whistle Virgil van Dijk went towards him to comfort him, while crying. This is beautiful.
— AFC Ajax 💫 (@TheEuropeanLad) November 19, 2018
pic.twitter.com/NnHJMGCCGO
***
38-годишниот романски судија Овидиј Хацеган е арбитар со знакот на ФИФА од 2008 година. Тој судеше на Олимписките Игри 2016 и на Европското 2016.
Во 2013-та Хацеган беше во центарот на еден скандал по мечот меѓу ЦСКА Москва - Манчестер Сити во Русија. Тогаш Јаја Туре му кажал на Романецот да обрне внимание на расистичките, мајмунски повици и крици од трибините и побарал од него да го прекине мечот.
Хацеган одбил а после мечот го критикувале англиските медиуми. Тогашниот шеф на УЕФА Мишел Платини ја затворил истрагата и Хацеган бил ослободен од обвинувањата.