Лигата на нации синоќа втора вечер по ред донесе интересни пресврти и неочекуванни резултати.
Во неделата вечер Швајцарија направи грандиозен пресврт откако губеше 0:2 па ги прегази Белгијците со 5:2 и на неверојатен начин го освои првото место во групата.
Англија еден гол во 85’ минута истовремено ја спаси од испаѓање и ѝ обезбеди полуфинале. Зад нив останаа едни Шпанија и Хрватска. А синоќа чудо направија Холанѓаните.
Нивната судбина се решаваше на гостински меч со Германија. На табелата, пред Холандија беше Франција со 7 бода, но Французите ги одиграа сите свои натпревари, а Германците со 2 бода веќе беа испаднати во втора дивизија. На Холандија ѝ требаше само бод затоа што беше подобра во меѓусебните дуели со Франција (2:1 пораз на гости и 2:0 победа дома).
Но сребдата на „Велтинс Арената“ во Гелзенкирхен не започна добро за момците на Роналд Куман. Германците забија два брзи гола - прво Тимо Вернер во 9’ минута распали од далечина и постигна преубав гол а десет минути подоцна и Лирој Сане од дваесетина метри погоди за 2:0.
Во тој момент изгледаше дека Германија е решена да ги декласира „лалињата“.
До 85’ минута резултатот беше 2-0, епилог кој најмногу ѝ одговараше на Франција. Но Холандија реши да тргне на сè или ништо и во финишот направи чудо.
Прво во 85’ Квинси Промес намали на 2-1 со шут од далечина и ги подгреа надежите на гостите дека можат до бод.
А во 90+1’ минута Вирџил ван Дајк се најде како центарфор во германскиот шеснаесетник и со волеј удар израмни на 2-2:
«Это фантастика. Это футбол». Гол Ван Дейка – сплошные эмоции. Приятного просмотра 😉
— Матч ТВ (@MatchTV) November 19, 2018
О том, что это было:https://t.co/oDaLfj7vYg pic.twitter.com/RNLtQkeyVM
Висок стопер да заигра како центарфор во финишот кога се брка резултат е ретка и храбра одлука. Такво решение синоќа донел Куман по убедување на помошниот тренер.
Ван Дајк добил еден лист на кој се гледа изменета формација 3-2-3-2 за последните неколку минути од мечот во која Ван Дајк е во нападот.
„Ми кажа дека треба да останам напред, да не се враќам назад и реши да отстапи од првичниот план“, рекол Ван Дајк.
А Куман опишал што се случувало:
„Добив лист од Двајт Лодуеџес (помошниот тренер) ама не знаев што пишува на него. Со Двајт и Кес ван Вондерен смисливме разни сценарија па и план за спас на крајот. Кога губевме 2:0 ме прашаа да смениме нешто и реков да. Следното што го држев во рака беше тој лист, па му го дадов на Кени а тој преку бекот Кени Тете му пренесе на Вирџил. На крајот фантастично се заврши да израмни баш играчот на кој му го дадовме листот за да оди напред. Во нашата земја викаат дека Германија секогаш дава гол на крај, а сега ние бевме посреќни и дадовме.“
На крајот кога сите се радуваа, јунакот на мечот Вирџил ван Дајк беше дел од една мошне трогателна сцена со судијата.