Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Опа цупа изведба за маестрален гол на Честер

Во англиската петта дивизија, Честер со 0-1 го совлада Дарлингтон, а голот на Сајмон Грант беше круна на една Сони плејстејшн акција.

Англиски клуб со навивачите смислил убав начин да помогне свој фудбалер

28-годишниот стопер на англискиот четвртолигаш Њупорт, Фрејзер Френкс минатата недела објавил дека ја завршува професионалната играчка кариера поради проблеми со срцето, а управата и навивачите смислиле супер начин да му се најдат во неволја.

Хуан Фелипе ала Азар

Повратникот во екипата на Вардар и играчот број 1 во историската година во Лига на нации дефинитивно ја прави разлика во составот на Васовски и општо во мак фудбалот. Вардар вчера го доби градското дерби против Работнички со 2:0, а Фелипе го измами чуварот и повлече контра за гол во стилот на ѕвездата на Челси. Преубаво и ретко за око во нашиот кутар фудбал.

Патувај игумане и не грижи се

На радост на мнозинството Аргентинци, центарфорот на Челси кој играше и за Реал Мадрид, Јувентус и Милан, реши да го урами репрезентативниот дрес и да се збогува со националниот тим.

Федерер си игра мајтап со противниците и на 37 години

Швајцарскиот ас се пласираше во полуфиналето на турнирот во Мајами откако на Кевин Андресон му дозволи да освои само 4 гема (6:0, 6:4). Погледнете што изрежира во една ситуација, октопод. Како се поднасмеа на крај, како и на него да не му се веруваше што направи.

Пике со одговор во студио му даде гол на Реал Мадрид

Капитенот на Барселона и шпански фудбалски репрезентативец Жерар Пике гостувал во едно ток-шоу. Водителот го прашува да биде искрен, колку пати имал секс во последните месец дена. Пике одговара: „Со сè оној на Сантијаго Бернабеу“?

Позадината на дебито на Златан во МЛС

Пред една година Златан Ибрахимовиќ дебитираше за Галакси на блескав начин. Раскажува што се случувало на 48 часа пред дебито. Тоа било г`з преку глава. Средувал документација за да може веднаш да игра, имал 12 часа лет, внимавал на колената, не спиел и веднаш на тренинг. Потоа запознавање со тимот, а веќе следниот ден деби во нова средина и тоа на градско дерби.

За паненка обично ја поткопуваат топката

Симеон Џексон од шкотскиот прволигаш Сент Мирен ја изведе една од најлошите паненки. Треба да вежбаш друже, не оди тоа така. Остај ги ти Пирло и Тоти, земи вежбај за да не ти се смеат друг пат.

Женската верзија на Леброн Џејмс што прави чуда

Се вика Јоана Милер. На времето играла за женскиот тим на универзитетот Северна Каролина и во првата дивизија на Лос Анџелес лигата.

Возбудата на Тоти кога требал да дебитира за Рома на 16 години

На 28 март секој навивач на Рома се потсеќа на дебито на еден тинејџер кој подоцна ќе го добие епитетот „Принцот на Рим“. Го облече дресот на Рома на 16 години, го соблече на 40. Цел живот посветен на еден клуб и на едни исти навивачи.

Ама ја лепи Роберт

Ти го мислиш таков стап и кадарен само за голгетер кој впрочем растура во шеснаесетник, а тој се загрева со топката како оние фристајл нинџите по улици. Левандовски на Копакабана да не е израснат? Што сака прави со топка.

Треба ли Македонија да се подзаплаши од серијата на Косово?

Комарџиската страна Бет365 излезе со еден скроз неочекуван, па ќе речеме и шокантен твит. Нашиот северен сосед кој до вчера не беше дел од ФИФА и УЕФА, да ти има подобра низа на резултати од дури шест светски фудбалски велесили.

Го снимаш и никогаш не го бришеш од мобилен

Андреа Пирло се повлече од фудбал пред две години, ама тоа не значи дека сме го заборавиле. Кај се заборава таква легенда. Беше тивок “убиец“ од слободен удар. Погледнете го убаво овој снајперски удар меѓу две глави. Голманот не се ни потруди.

На дизајнерот на логото Puma му нуделе доживотен процент, тој побарал само патики и ранец

Лутц Бакес, германскиот карикатурист којшто во зоолошка градина ја насликал првата скица за логото за гигантот Puma и кој после сè, останал цврсто на земја иако можел да заработи милиони евра.

Замина македонската коментаторска легенда со најмногу постигнати голови

Ако некој човек од спортот најмногу нè импресионирал со збир од знаење, стаж, меморија, анегдоти, па и хумор тоа дефинитивно е Ивко Панговски. Човекот кој го има во три енциклопедии. Човекот кој знаеше повеќе од Гугл. Човекот кој пиеше виски со Кирк Даглас. Човекот со кој беше прекусо правењето интервју два дена по три часа.

Првиот гол на Сидорф за Ајакс со 16 години

На денешен ден во 1993 година, детето кое подоцна стана голема клупска легенда на Реал Мадрид и Милан, го постигнал својот прв гол за матичниот Ајакс. Имал само 16 години и 361 ден и навестил што ќе се очекува од него.

Баерн се остри како никогаш досега, спремни да се мерат со шеиците

Финансискиот плус, фантастичната состојба, редот и поредокот во клубот не можат да ја намалат болката по испаѓањето од Лига на шампиони, па Баварците се решени после неколку години да ја одврзат вреќата со пари.

Макпетрол сигурни во дуелот со Уника

Лукоил, Матрикс и Макпетрол славеа победи во последниот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Клуб од Чиле ќе патува повеќе од 4.000 километри со автобус на гостински меч

Во новата сезона од чилеанската втора лига, Индепендиенте ќе го има најдалечното гостување во историјата, затоа што ќе треба да пропатува од едниот до другиот крај на земјата ама не со авион.

Како ли да се опише овој грев?

Сигурно ги знаете овие видеа од соблекувална каде цел тим жонглира со глава, а последниот има задача да даде гол во кофа или што и да е округло. Следниот пат ќе го прават ова со играч мање, ама 100%.

Голманска асистенција на погрешен човек во погрешен гол

Некои видеа се тешки за објаснување, а токму ова е такво. Голманов од англискиот нисколигашки фудбал имаше најдобра намера, ама тоа се тие ризици кога ќе го напуштиш голот. На крајот се случи тоа што се случи. Немаше друго чаре.

Кога последен пат Италија постигнала 6 гола?

Без разлика што играа против Лихтенштајн, селекција која ја имаме здробено 11:1, победата од 6:0 е изненадувачка за селекција како Италија чија филозофија отсекогаш била како да се одбрани за да победи. Истата реализација како вчера ја имале пред дури 26 години.

Самскиот живот на трет резервен голман

Третите голмани тренираат регуларно со екипата и патуваат на натпреварите, иако знаат дека нема ама баш никакви шанси да застанат на голот. Тоа се случува само во ретки случаи кога тимот има криза со повредени голмани.

Гранит со одлична игра до победа над МЕПСО

Гранит, ЕВН и Алкалоид славеа победи во вториот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија.