Најголемата победа во историјата на италијанската фудбалска репрезентација датира од 1948-ма година кога го совладале САД 9:0. Со разлика од 6 гола Италија последен пат победила дури во 1962-ва, а тоа е против Турција со идентичен резултат од 6:0 како синоќа.
Статистиката покажува дека последен пат на еден натпревар дале 6 гола на 24 март 1993-та. Се работи за квалификациски меч за Мундијалот 1994-та кога ја совладале Малта во Палермо со 6:1.
Многу легендарни имиња биле дел од тој состав. Двоен стрелец на мечот бил актуелниот селектор Роберто Манчини, а по еден гол дале Малдини, Сињори, Дино Баџо и Пјетро Перховод.
Селектор на тој состав, истиот кој следната година загуби на пенали од Бразил на светското во САД беше Ариго Саки, а капитен Франко Барези.
Види го ти Малдини играње во напад.