Дебито на Франчесто Тоти се случи на 28 март 1993-та на решен меч. Бреша – Рома 0:2. Тоти бил дете, што се 16 години и од возбуда заглавил кога се облекувал, а срцето му отишло во грло.
„Вујадин Бошков потврди дека ќе бидам на клупа. Стадионот полн, амбиентот непријателски, а од трибина ни се дерат се и сешто. Во рок од половина час мечот го решија Михајловиќ и Каниџа. Во 83-та минута Бошков го вади Џанини и го става Салсано, а потоа се врти накај мене и ми вели да се подготвам.
Во моментот не го разбрав и мислев дека му се обраќа на Муци кој ми се врти и ми вели: На тебе ти вика. На мене? Срцето ми скокна до грло. Се исправив на нозе, почнав да ги соблекувам тренерките, но од брзање и возбуда не ги соблеков прво копачките па се заглавив.
Што е Тоти, не ти е до дебитирање? Ми се обраќа Бошков. Влегов место Рицители во 87-ма и имав време само да ја допрам топката за да задржам време на корнер знаменцето бидејќи водевме 0:2“.
По повод дебито на Тоти за Рома, еве го и неговото прво интервју на тв. Ова е во 1996-та, Тоти има 19 години и веќе се истакнал како голем талент па додека е во студио му ги вртат головите.
На ова гостување си кажал и некои желби.
„Се надевам дека ќе успеав да постигнам што повеќе голови и да останам засекогаш во Рома. Уште еден Џузепе Џанини? Се надевам да. Римјанин во Рома, што би било уште поубаво плус навивач на Рома. Подобро не може да биде.“
24 години после неговото деби на Олимписко се случуваше ова.