Позадината на дебито на Златан во МЛС

Пред една година Златан Ибрахимовиќ дебитираше за Галакси на блескав начин. Раскажува што се случувало на 48 часа пред дебито. Тоа било г`з преку глава. Средувал документација за да може веднаш да игра, имал 12 часа лет, внимавал на колената, не спиел и веднаш на тренинг. Потоа запознавање со тимот, а веќе следниот ден деби во нова средина и тоа на градско дерби.

И покрај целата таа фрка, стапнувањето во нова средина на нов континент со нови луѓе, како и тешката повреда претходно во Јунајтед, Златан имаше деби како никој. Лос Анџелес Галакси губеше 0:3 од Лос Анџелес ФЦ, а тој влезе на 2:3 и направи лудачки пресврт, замислете со два гола од првите два удари на американско тло. Првиот ќе се врти и по 100 години, а го даде за 6 минути откако влезе.

 

29 март 2019 - 09:33