Фудбалската репрезентација на Косово е влезена во фантастична фудбалска серија од 12 натпревари без пораз. Низа со која остава зад себе европски и светски прваци или поточно селекциите на Бразил, Англија, Германија, Франција, Белгија и Шпанија.
Јасно ни е дека ова се должи пред сè поради слабиот квалитетот на репрезентациите со кои се сретнале, ама па на крај краева кој е па Косово во фудбал. Замислете од 9 октомври 2017-ма немаат пораз.
Низата на позитивни резултати ја стартувале против Летонија на пријателска, потоа продолжуваат успешно во Лига на нации каде ја декласираат Малта на гости со петарда, играат нерешено на пријателски меч со една Данска, а евроквалификациите ги стартуваат реми со Бугарија.
Без разлика што поголемиот дел од противниците им биле аутсајдери, сепак зборуваме за 130-та фудбалска земја во светот за која ова е одличен успех. Во 2018-та бележат скор од 7 победи, 2 нерешени и 0 порази.
Првиот натпревар по независноста Косово го одигра пред 9 години, а членка на УЕФА и ФИФА стана во мај 2016-та. Сите репрезентативци им играат во странство од кои најмногу во Швајцарија, вкупно шестмина.
Иако е рано да се размислува за плејофот во Лига на нации закажан за март 2020, бидејќи сега сме во сред редовни квалификации за СП 2020, сепак некако боде очи податоков.