Гранит со одлична игра до победа над МЕПСО

Гранит, ЕВН и Алкалоид славеа победи во вториот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Гранит со одлична игра до победа над МЕПСО

МЕПСО 5-10(3-5) Гранит

МЕПСО: Зоран Деспотовски 20’ Диме Рошкоски 2’ 29’ Александар Боцевски 16’ 32’

Гранит: Стефан Тевдовски 14’ Дарко Петров 6’ 22’ 32’ 39’ Дарко Стојановски 10’ Сашо Кароски – Џуме 11’ Николче Глигуровски 35’ Пепи Мицев 19’ 28’

Одличен старт на екипата на МЕПСО во дуелот со екипата на Гранит со рано постигнат погодок уште во 2та минута. По ова рано водство екипата на МЕПСО следуваше одговор на екипата на Гранит која во 6та минута со голот на Петров дојде до израмнување на 1-1. Овој гол на екипата на Гранит и даде дополнителен мотив да тргне жестоко кон голот на МЕПСО и за кратко време да направи солидна предност од 1-4. До крајот на полувремето и покрај обидите на МЕПСО не успеа целсоно да ја стопи разликата на Гранит па на полувремето се замина со резултат од 3-5.Во второто полувреме екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие кон средината на полувремето успеа резултатски да се доближат, но екипата на Гранит не дозволи изненадување и со одлична игра во вториот дел од полувремето успеа да го добие овој натпревар со високи 5-10.

ЕВН во второто полувреме до победа над ЈСП

ЕВН 6-3(2-2) ЈСП

ЕВН: Бојан Маџовски 9’ 10’ Томи Илиевски 31’ Ајет Новобрдарија 23’ 36’

ЈСП: Дејан Блажевски 9’ Сашо Георгиев 24’ Сабит Хусеини 17’

Воведните минути од натпреварот и двете екипи ги одигра во ‘’ГРЧ’’ внимавајќи повеќе на својот гол, периодично се обидуваа да нападнат кон противничкиот гол. Кон средината на полувремето мразот го проби екипата на ЈСП со погодокот на Блажевски во 9та минута и водство од 0-1. Следуваше брз одговор од екипата на ЕВН и со два погодоци едно по друго во 9та и 10та минута успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Во остатокот од полувремето екипата на ЈСП вршеше притисок кон голот на ЕВН со цел да дојде до израмнување, а во игра внесе и голман играч што вроди со плод па дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Второто полувреме двете екипи продолжија со висок ритам на игра, со многу шанси на двете страни. Екипата на ЕВН на стартот од полувремето успеа да постигне погодок и да го превземе водството, веќе следната минута екипата на ЈСП со голот на Ѓоргиев успеа да го израмни резултатот. До крајот на натпреварот екипата на ЕВН имаше повеќе од играта и го доби овој натпревар со 6-3.

Алкалоид со цврста одбрана до победа над Маркарт

Маркарт 3-5(2-3) Алкалоид

Маркарт: Пеце Стојанов 19’ 19’ 29’

Алкалоид: Дарко Стевков 40’ Сунај Љазми 2’ 30’ Кристијан Арсовски 7’ Бобан Митевски 12’

Првиот дел од полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Маркарт и Алкалоид и припадна на екипата на Алкалоид. Екипата на Алкалоид со погодоците на Љазми и Арсовски во 2та и 7та минута се стекнаа со солидно водство, по оваа негатива екипата на Маркарт не и преостана ништо друго освен да фрли се на една карта и да тргне во целосна офанзива кон израмнување. Последните минути од полувремето и припаднаа на екипата на Маркарт која со двата погодоци на Стојанов успеа да ја стопи разликата на Алкалоид и да дојде до само еден гол негатива на полувремето (2-3). Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Маркарт бркаше израмнуање кое го добија во 29та минута со третиот погодок на денес одличниот Стојанов, веќе во следната минута екипата на Алкалоид успеа да постигне погодок и да го превземе водството. До крајот на натпреварот екипата на Маркарт вршеше притисок кон голот на Алкалоид со цел да дојде до израмнување, но екипата на Алкалоид одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи изненадување. Натпреварот заврши со 3-5 во корист на екипата на Алкалоид.

27 март 2019 - 14:20