Што се мора не е тешко, па така и гостувањето на Индепендиенте од Кауњас, чии фудбалери и стручен штаб поради беспарица, ќе мора со автобус неколку дена да патуваат до Арика, најсеверниот град во земјата кој се наоѓа на само 11 километри од границата со Перу.
Клубот неколку пати се обидел од фудбалската федерација на Чиле да исползува играње на поблиска релација, макар некаде на половина пат до Арика, но не наишле на разбирање и ќе мора да поминат 4.800 километри со автобус.
„Цената на авионските карти во текот на Светата недела пред Велигден, за целиот колектив кој ќе оди на мечот е превисока за нас и не можеме да си ја приуштиме“, велат од Индепендиенте де Каукењес.
Далечните дестинации во разни првенства од поголемите дестинации во светот најчесто се пребродуваат со авионски летови. Вакви случаи има најчесто во Русија, каде неретко екипи мора да патуваат повеќе од 2-3.000 километри за да играат првенствен дуел.
Натпреварот Сан Маркос де Арика - Индепендиенте де Каукењес е закажан за 21. април.