ЈУВЕНТУС - МИЛАН (сабота 20:45) играј на ТипстерНа презентацијата на новите засилувања, росонерите во глас повторуваа дека можат да го запрат актуелниот шампион Јувентус на неговиот стадион. Бокети, Палета, Дестро, Антонели и Сусо изјавија дека се спремни да му го нанесат вториот пораз на Јувентус сезонава.
Бјанконерите минатиот викенд одиграа 0:0 против Удинезе, но нивниот кикс не го искористи Рома, која исто ремизираше против Емполи, по што бодовната разлика на врвот остана седум бодови. Јувентус во составот ќе ги нема Мартин Касерес и Стефан Лихштајнер, на чие место треба да заигра Падоин, а во средниот ред ќе се вратат Маркизио и Видал. Инзаги најави дека ќе го започне мечот со Хонда, Черчи и Менез како лажна деветка во нападот.
По зимската пауза, Милан победи на само еден од пет натпревари и тоа против Парма минатиот викенд. На останатите четири средби загуби од Сасуоло, Аталанта и Лацио и одигра нерешено со Торино. Во меѓувреме, Милан го совлада Сасуоло во Купот на Италија, но подоцна Лацио ги елиминираше од тоа натпреварување.
Последниот меѓусебен дуел на Сан Сиро, во септември го доби Јувентус 0-1 со голот на Тевез. Јуве е лидер на табелата со 50 бодови, победи на 15 средби има 5 нерешени и еден пораз. Милан е осми со 29 бодови, оствари 7 победи, 8 нерешени и 6 порази.
Можни состави:
Јувентус: Буфон, Огбона, Бонучи, Кијелини, Евра, Видал, Пирло, Маркизио, Погба, Тевез, Мората.
повредени: Азамоа, Касерес и Ромуло
казнет: Стефан Лихштајнер
Милан: Диего Лопез, Ѕакардо, Алекс, Рами, Бокети, Поли, Есиен, Бонавентура, Хонда, Черчи, Менез.
повредени: Запата, Де Шиљо, Бонера, Ел Шарави, Абате, Монтоливо, Де Јонг, Мастур.
казнети: Мексес и Дестро
ЕВЕРТОН - ЛИВЕРПУЛ (сабота 18:30) играј на Типстер
Утре на Гудисон Парк ќе се игра 224. Мерсисајд дерби дуел. Карамелите сезонава го имаат најслабиот учинок во последните неколку години, 6 победи, 8 нерешени и 9 порази. Евертон во моментов е 12-ти со само 26 бодови од 23 натпревари. Единствената победа на последните седум натпревари во Премиер лигата, Евертон ја забележа минатата сабота, 1:0 против Кристал Палас.
Од друга страна, Ливерпул влезе во добра серија и нема пораз на последните седум лигашки средби. Со учинок од 11 победи, 5 нерешени и 7 порази, во моментов се седми со 38 бодови, четири зад четвртиот Саутемптон. Минатиот викенд, црвените го совладаа Вест Хем со головите на Рахим Стерлинг и Даниел Стариџ (прв гол после 31. август).
Брендон Роџерс по шести пат ќе го води Ливерпул против Евертон (утре ќе го има 100.натпревар како тренер на црвените), а последното дерби заврши 1:1, кога Фил Јагиелка во 93' минута му донесе бод на Евертон.
Стивен Џерард дал 10 голови во кариерата против Евертон и е третиот најдобар стрелец во историјата на градските дуели во Ливерпул. Стиви Џи е и првиот фудбалер на Ливерпул по Јан Раш што постигнал хет-трик против Евертон. По формирањето на Премиер лигата, Ливерпул победи на 19 од последните 45 средби со Евертон. Евертон победи девет, а 17 средби завршиле нерешено.
Можни состави:
Евертон: Роблес, Колман, Стоунс, Јагиелка, Бејнс, Мекарти, Бери, МекГиди, Нејсмит, Миралас, Лукаку.
повредени: Осман, Пиенар, Хауард, Хиберт
Ливерпул: Мињоле, Чан, Шкртел, Сако, Хендерсон, Џерард, Морено, Лалана, Кутињо, Стерлинг, Стариџ.
повредени: Марковиќ
ТОТЕНХЕМ - АРСЕНАЛ (сабота 13:45) играј на Типстер
Комшиското дерби на северен Лондон важи за најголем фудбалски празник за овој дел од градот. И Тотенхем (12-4-7) и Арсенал (12-6-5) влегуваат во дуелот во добра форма, затоа што изгубија само еден од последните осум натпревари. Утрешното ќе биде 130. дерби меѓу овие два тима.
Топџиите имаат три победи по ред, без примен гол (10-0 гол разлика). Славеа против Сити во купот 2:0 на гости, го победија и Брајтон во купот, па ја декласираа Астон Вила 5:0 во последното коло.
Тотенхем примил гол од Арсенал на последните 13 средби, а тимот на Венгер сезонава го има третиот најдобар напад во лигата со 44 голови на 23 натпревари. Спарси се единствениот тим на средината на табелата што примил најмногу голови досега, 30. За Арсенал на клупата за резерви би требало да се најде најновото засилување од Виљареал, стоперот Габриел Паулиста.
Можни состави:
Тотенхем: Лорис, Вокер, Фацио, Вертонген, Роуз, Мејсон, Бенталеб, Ериксен, Дембеле, Ламела, Кејн.
Арсенал: Оспина, Белерин, Мертезакер, Кошелни, Монреал, Рамзи, Кокелан, Озил, Казорла, Волкот, Жиру.
повредени: Алексис Санчез, Окслејд-Чембрлејн, Вилшер, Артета и Абу Диаби.
АТЛЕТИКО МАДРИД - РЕАЛ МАДРИД (сабота, 16:00) Играј на Типстер
Враќањето на фудбалерот кој сезонава за Реал даде 28 голови и имаше девет асистенции на 21 натпревар во Ла Лига ќе биде од голема помош за кралевите. Притоа, Кристијано Роналдо досега во кариерата на Атлетико Мадрид му дал 15 голови.
Во пресрет на нивниот шести меѓусебен дуел сезонава (играа во шпанскиот Супер Куп, во Копа дел Реј и во Лаига), Реал Мадрид има седум бодови предност во однос на Атлетико.
Сепак, во триумфот над Севиља од 2:1 во средата, Реал остана без Серхио Рамос и Хамес Родригез, кои се повредија и нема да играат на Калдерон.
На последните пет меѓусебни средби, „јорганџиите" дури три пати го совладаа Реал. Лани и дома и на гости (1:0, 1:2) и годинава дома 2:0 во Купот. Нерешено завршија две средби, минатата година во август 1:1 и годинава во купот на Бернабеу 2:2. И покрај тоа, големите светски обложувалници улогата на фаворит му ја доделија на Реал Мадрид, за чија победа коефицентот е 2.30. За триумф на Атлетико коефицентот е 3:00 а за реми 3.40.
Можни состави:
Атлетико Мадрид: Моја, Хуанфран, Диего Годин, Хозе Хименез, Сикеира, Арда Туран, Габи, Тијаго, Коке, Гризман, Манџукиќ.
Реал Мадрид: Касиљас, Начо, Варан, Карвахал, Арбелоа, Крос, Кедира, Иско, Бејл, Роналдо, Бензема.
повредени: Пепе, Модриќ, Серхио Рамос, Хамез Родригез, Коентрао, Марсело.
СПОРТИНГ - БЕНФИКА (недела, 21:00) играј на Типстер
Уште едно градско дерби, поради кое улиците на Лисабон во недела ќе бидат празни. Со шест победи на последните шест натпревари, Спортинг собра 18 бодови и стана сериозен конкурент за титулата. После поразот од Пакос Фереира пред два викенди, Бенфика славеше минатата сабота против Боавишта 3:0 и ја одржа предноста од седум бодови пред Спортинг, кој е трет и шест пред вториот Порто. До поразот од Пакос Фереира, Бенфика имаше неверојатни 10 победи по ред во првенството.
Орлите во дуелот ќе влезат без повредениот голман Жулио Цезар и без Николас Гаитан. Бенфика ќе игра и без Енцо Парез и Бернардо Силва, кој направија трансфер пред неколку недели. Од друга страна, Спортинг на располагање ќе го има најдобриот шпиц сезонава, Алжирецот Ислам Слимани кој се враќа од Африканскиот Куп на нации.
На последните седум меѓусебни средби, само две завршија нерешено. Спортинг славеше на две, а Бенфика на три натпревари. Двете екипи во историјата одиграле 49 меѓусебни дуели. Спортинг на домашен терен има девет победи, а Бенфика на Жозе Алверао славела 10 пати.
Само еден од последните седум натпревари имал повеќе од два гола, во сезоната 2012/2013, кога Бенфика славеше 4:3 во купот после продолженијата. Сите останати дуели завршувале со два или помалку голови.