„Татко ми беше алкохоличар, а јас го гледав тоа. Тој не беше таков каков што сакав да го видам. Секако многу го сакав, но ние двајца никогаш не разговаравме отворено, како што сега зборувам со вас (со новинарот на Тајмс). Никогаш. Можеби еднаш за целиот живот“
„Отсекогаш сакав да бидам татко во младоста, сакав да станам татко на 25 и тоа ми се оствари. Тоа што сум самохран татко - многу луѓе немаат татко и мајка, така што на син ми му е доволен татко. Никогаш не зборувам за раѓањето на син ми и за неговата мајка и никогаш нема да го сторам тоа.
Кога син ми ќе порасне, ќе му објаснам, ќе му раскажам што чуствувам и ќе ме сфати. Раѓањето на син ми многу ме смени. Секогаш ме орасположува, секогаш е насмеан.Би сакал да го следи мојот пат, да стане напаѓач и да дава многу голови, но тој сака да биде голман и да брани.
Знам дека е лесно да го разгалите детето, кога спие на широк и удобен кревет, кога доручкува овошен јогурт, кога во гаражата стојат бесни коли. Неодамна син ми ме праша, може ли да ми купиш Ајфон 6 а јас му реков не може.
Го прашав на кој сакаш да му ѕвониш, ми одговори на тебе тато. Тогаш му кажав дека може да ми се јави од кај баба му. Невозможно е да го контролирате секој детал со децата, но правилното воспитување и образование е најдобриот подарок што може да им го дадете", порачува најдобриот светски фудбалер според ФИФА.
Се смета за подобар од Меси:
„Успехот на Меси? Не ме загружува. Ако ги погледнете последните 8 години, ќе видите дека секогаш бев на врвот. Или освојуваш трофеи или не. За некој е најдобар Меси, за некој Иниеста. Го почитувам тоа, но јас се сметам себе за најдобар.
Не сум најскромен човек на светот, признавам. Но скромен сум во поглед на развојот, сакам да учам, сакам да научам нешто за другите спортови, внимателно гледам што работат другите спортисти.
После кариерата ќе одмара 4-5 години
„Нема ден а нешто да не ме боли. Прашајте било кој професионален спортист и ќе ви го каже истото. Но тоа ми е работа и морам да ја прифатам. Кога тренираш секој ден, играш по два пати неделно, телото не е навикнато на таков напор.
Кога ќе ја завршам кариерата, планирам 4-5 години да живеам како крал - со своето семејство и другарите".
Може да замине во Пари Сент Жермен
За тоа дали Кристијано Роналдо ќе заигра за ПСЖ ќе дознаеме следното лето. По замислата на катарските шеици, Португалецот е совршен да дојде на место на Ибрахимовиќ и да стане главна ѕвезда на новиот проект. Во Реал Мадрид се свесни дека сега е време најмногу да заработат на Кристијано Роналдо. За евентуалниот трансфер зборува и авторот на книгата, Жулием Балагуе.
„Очигледно многу работи ќе зависат од Бејл. Перес смета дека е право време да го продаде Роналдо, но дали Герет ќе биде толку добар да стане лидер?", вели докторот за трансфери и авторот на биографијата за Роналдо, Жулием Балагуе.
Се скарал опасно со Мурињо поради тактиката
Еден од поинтригантните моменти во книгата „Биографијата" е моментот со Мурињо. Жулием Балагуе за неколку британски изданија зборувал за нивниот однос.
На десет минути пред крајот на мечот против Валенсија во шпанскиот куп (Реал водеше 2:0), кога Мурињо побарал од Роналдо да ѝ помогне на одбраната. На крајот од натпреварот Мурињо му замерил на Роналдо за незалагање во одбраната.
„Во тој момент Роналдо не можел да истрпи и станал од клупата во соблекувалната и се разивкал: Толку многу сум дал за тебе и после сè ти вака се однесуваш со мене! Како смееш да го кажеш тоа?, му спукал Роналдо на сонародникот.
Жозе видел дека Роналдо не можел да се соземе, бил бесен и затоа се повлекол. После некое време се вратил и му рекол: „Многумина во екипата го мислат истото што и јас, само никој нема јајца и храброст да ти го каже тоа во лице".
Случката со Фергусон во Португалија:
https://off.net.mk/offside/fudbal/kako-ferguson-prv-pat-go-rasplakal-ro…