Ријана не беше на Мет Галата - ама беше

Со оглед на тоа што Ријана е многу скап инвентар на Мет Гала, а не можеше да присуствува, Вог реши дека не може настан без Ријана, па го реши тоа - со мермерна статуа.

Кои филмски психопати се навистина психопати?

Двајца доктори, Семјуел Лејстед и Пол Линковски, објаснуваат кој од психопатите што ги знаеме од филмови навистина страдаат од нарушувањето.

Вамприската заедница насекирана за Меган Фокс и МГК

Меган Фокс се пофали дека со дечкото, Машин Ган Кели повремено си ја пијат крвта. Ништо страшно, додека не прашаш самопрогласен вампир.

Приказната зад фустанот на Блејк Лајвли

Блејк Лајвли веројатно победи на последнава Мет Гала. Се мислиме и за Џиџи Хадид, со тоа што Џиџи само беше прејака - Лајвли има цел концепт околу нејзиниот изглед.

Во фустан на Мерилин не се влегува без жртва

Меѓу многуте гости, и тоа сериозно секоја чест годинава - скоро никој не се заебаваше - се појави Ким Кардашијан со Пит Дејвдидсон под рака и во фустанот од Happy Birthday, Mr. President.

Мет Гала 2022

Темата е „Во Америка: Антологија на мода“. И богами, луѓево сериозно си ја сфатиле работата. Океј, освен Кортни Кардашијан и дечко ѝ.

Прва слика од Марго Роби како Барби

Лани во јули објавивме дека Грета Гервиг и Марго Роби ќе прават филм за куклата Барби. Сега имаме слика.

Социјалната анксиозност не значи и осаменост

Понекогаш сите седиме дома и ни се чини дека ги трошиме животите без врска, без разлика дали сме откажале планови или едноставно сме немале доволно емотивна енергија за луѓе. Понекогаш некој не враќа на пораки, или не се јавува, па сме „принудени“ сами на себе да си бидеме друштво. Од овие причини и се мисли дека социјалната анксиозност и осаменоста се поврзани - а всушност, не мораат да бидат.

Петицијата да се брка Амбер од „Аквамен“ стигна до 2 милиони потписи

Во описот пишува: „Мажите можат да бидат жртви на семејно насилство исто како жените. Ова мора да се препознае и мора да се преземе нешто за да се спречи докажан злоставувач да се слави во забавната индустрија.“

Каква Украина, имаме друг проблем

Луѓето што живеат на интернет и таму ги водат своите борби понекогаш стварно не можат да постигнат од посочување проблеми. Еве на пример сега, освен светската војна што секојдневно ја покриваат со лајкови и коментари, се секираат и за - папокот на Ким Кардашијан.

Себастијан Стен: Метод-глумата е нарцисоидна и самобендисана работа

„Не верувам во создавање хаос за да одиграш нешто како што треба.“

Зошто не треба да им се верува на совршени фотографии

Или, ако ништо друго, барем не се јадете кога не ви излегуваат како на некои бесни Инстаграм профили. И најобична слика каде што се држите со дечкото или девојката за раце бара другар качен на ушка.

Брачниот пар што изгради два различни станови еден до друг

Дороти и Стивен Глобус се во брак 49 години, а 47 од нив живееле на седмиот кат во зграда на Бродвеј во Њујорк.

Мејкап брендот „Милани“ докажа дека Амбер Херд лажеше на суд

Во тек е многу јавното судење на Џони Деп и Амбер Херд од каде што излегуваат секакви гадни детали, но овде конкретно се задржуваме на изјавата на Херд дека од што била цела со модрици, нонстоп морала да се шета со одредено пакување шминка за покривање, од кое покажа и слика. Е, не постоел тој производ во периодот за кој тврди дека го користела.

30+

Добредојдовте во вашите 30-ти. Сега сте свесни дека тоа старите што ви доаѓаа на гости и седеа во дневна со родителите додека вие децата игравте во соба, имаа по 32 години.

За важноста да се биде човек што вика „не“

Како родена во семејство на луѓето сакаат да угодуваат, имам потешкотии да кажувам „не“. Се потресувам од помислата на конфронтација. Се фиксирам на тоа како да одговорам на порака од најдобрата другарка, за да не звучам дрско. Треба да излеземе во сабота, и навистина не ми се оди, но секако, ќе дојдам. Списокот на обврски има да го решам, иако веќе крварам од очи! (Хипотетички, но… Јасно ви е.)

Наука на автентичноста - што значи вистински да се откриеш себеси?

Откако ќе тргне по белиот зајак во дупка под земја и неколку пати ќе смени големина, Алиса се фаќа себеси како се прашува: „Која сум јас на светов?“ Оваа сцена од книгата на Луис Керол може да ви се види позната бидејќи: во свет што постојано се менува, предизвик е да го најдеш своето автентично јас.

Сте пробале „ботокс за коса“?

Повторно пораснаа пребарувањата на терминот „ботокс за коса“, па ако сте пропуштиле, да разглобиме - длабински третман што поправа оштетена и сува коса.

Ајрис Апфел никогаш нема да се пензионира

Вели, „Тоа е судбина пострашна од смрт.“

Долги нокти се модерни, ама бактериите што се собираат под нив - не

Ги гледаме по Инстаграм и на суперѕвезди како Карди Би и Били Ајлиш, но наместо тие авторитети, може треба да послушаме реален авторитет: билог, на пример, кој вели дека трендот доаѓа со опасности по здравје.

Имаме токсична љубовна врска со филтрите за убавина

Постојат две јас: Едната постои, навистина. А другата е замислената Идна Згодна Јас. Поточно јас, ако си ги исполнам очекувањата за изгледот: како би изгледала со повеќе пари, добри доктори, повеќе спиење, со добар дерматолог или станување порано да се шминкам.

Жените ги боли глава два пати почесто од мажите

Главоболките се ужасна досада, а нарушувањата поврзани со нив ги има многу често. Анализирајќи податоци од 357 претходни истражувања кои ја мерат честоста на нарушувањата со главоболки, научници доаѓаат до заклучок дека повеќе од половина од светската популација страдаат од некаква состојба, како мигрена или главоболки поради притисок.

Стаклени ташни - добредојдовте

По ново, добра ташна треба значи - стаклена ташна.