Битката меѓу жените со години се пресликува во поп-културата, и на телевизија и надвое од неа - од Беверли Хилс со Бренда и Кели, до Очајни домаќинки, Кристина и Бритни, Џенифер и Анџелина, и така натаму, до бескрај. Тој тип на антифеминизам од ‘90-те и раните 2000-ти сè уште се среќава, но Џејми Ли Кертис како комплетно да го смени курсот.
Затоа се појавува прашањето, можеме ли и ние обичните жени да научиме нешто од ова и да го примениме во нашите професионални животи?
Би ни било во најдобар можен интерес. И според некои, овој специфичен пост-пандемиски период е особено подобен за таква промена.
Евелин Родстин, која работи како обучувач за кариера и е експерт за лидерство вели,
„Жените растат со конекција, а за време на Ковид бевме многу изолирани. Дарежливоста на духот сега ни излегува од секоја пора. Но, за да го почувствуваш тоа, треба прво да си уверена во сопствената моќ и успех.“
Сепак, недостатокот на самодоверба и стравот од недоволност не се единствените бариери што ги блокираат жените кога треба да си дадат меѓусебна подршка. Функционираме различно од мажите - тие не мора да се сакаат за да соработуваат меѓу себе - ние мораме три кафиња да испиеме прво, затоа што ни треба подолго време да развиеме доверба. И овие правила, без разлика што не знаеме од каде дошле, можат да бидат штетни. Друг фактор што ги уназадува жените е времето и менталниот товар - да не забораваме дека жените, врз работата (според статистика) имаат и грижа за семејството. Според некои истражувања, жените поминуваат четири часа на ова, двојно повеќе од мажите, што значи дека мажите имаат луксуз да си го ослободат умот и да размислуваат единствено за она што е пред нив во моментот - жените не.
Затоа, „хајпање“ за други жени, или поедноставно - радување за нивните успеси, или подршката треба да почне од малите нешта. Понекогаш е само спомнување на името кога жената не е присутна, или праќање мејл што ја фали нејзината работа, или бустање на нејзините достигнувања на Линкедин. А и не е само за на работа ова - можеш да објавиш на социјални мрежи за нејзината нова колекција накит. Можеш да пратиш мејл на директорот и да ја пофалиш учителката на твоите деца. Можеш постојано да зборуваш во суперлативи за жените во твојата орбита, дури и кога инстинктот ти е да судиш и да споредуваш.
Бидејќи сепак, отсекогаш нè учеле да се натпреваруваме, но што ако - како жени - едноставно одлучиме дека отсега поинаку ќе се справуваме со работите?
Не сме виновни за таа условеност, но ако ништо друго, не мораме веќе да слушаме.