Парфемот што не требаше да успее

А, не само што успеа, туку растури.

Годината е 1992. Тиери Муглер одлучува да му даде нова, мирисна димензија на неговиот моден бренд и пристапот му е јасен: ништо не смее да биде обично. Од идеја до изведба, Angel е замислен како нешто што има да помести граници, па што сака нека биде.

Прво - шишето. Таа нездрава ѕвезда што ја навикнавме не е само естетски избор, туку била технолошки кошмар. Повеќето производители на стакло ја одбиваат идејата како невозможна, за на крај да прифати само еден - и потребни му се три години за да развие машина што може да го создаде асиметричното, дебело стакло. Муглер не го мрзи да чека, а толку е проблематично, што дури и непосредно пред лансирањето, производството било на раб да пропадне поради банален проблем - мало струење на воздух влијаело на ладењето на стаклото и можело да го уништи целиот проект.

Но, главната револуција лежи во формулата. По околу 600 обиди, парфимерот Оливие Кресп создава нешто сосема ново за тоа време - наместо класични цветни ноти модерни тогаш, Angel носи мириси на карамела, пралина и шеќерна волна (дел од дваесет и кусур ноти!) - благодарение на етил малтол, состојка дотогаш типична само за прехранбената индустрија.

Значи зборуваме буквално за почетокот на „гурманските“ парфеми:

20 април 2026 - 00:00