Еден јапонски диџеј си има најдено попаметна работа во изработка на реалистични додатоци што изгледаат како да се делнати од жив човек. Има печати во вид на исечен прст, привезоци како очи што трепкаат и ташни со отворени усти и неколкудневна брада. Уфрли Баленсијага патики и Гучи фустан и дотеран си.
Откако си ги ставил на омот од албум во 2017, Масатака Шишидо, познат како DJ Doooo добива нарачки за уште вакви креации.
„На почетокот сите мислеа дека е грозно,“ вели 36-годишниот уметник, на чиј врат во моментот на изјавата се наоѓа топка на ланче, со око што трепка. „Кога луѓето дознаа дека се работи за уметнички дела со специфична функција, почнаа да викаат дека е слатко и интересно.“
Луѓето инаку почнале да нарачуваат додатоци направени по нивните тела. Шишидо прво црта со рака, па потоа студио од Токио поминува два месеци на изработка.
Не се ни баш евтини - УСБ и печат во вид на прст чини 1166 долари, а топката што ја има околу врат е 4400 долари.
Во Токио (дури и во Токио!) луѓе се вртат по улици.
И како да не се вртат, со маскава за телефон што правиме: