1. Важните луѓе доаѓаат и си одат - и тоа е во ред. Среќа па, некој може да ти стане важен и преку ноќ.
2. „Исхраната“ не е само тоа што го јадеш, туку и што гледаш, читаш, со кого се дружиш и кого следиш на социјални мрежи. Значи здраво тело - да, ама да не забораваме на здрав ум.
3. Мораш да ги разочараш луѓето ако сакаш да бидеш среќен. Твојот раат е поважен од кариерата, друштвото, туѓото мислење и тој еден настан на кој имаш ветено дека ќе се појавиш.
4. Не смееш да дозволиш одбивањето од другите да те доведе до одбивање на самиот себе. Нормално е да се плашиш да не те одбијат - не е фер да не се ни обидеш, за да не те одбијат.
5. Стои зад своите одговорности и својата иднина. Не треба да оштетуваш други заради нешто што ти се случило тебе.
6. Квалитет пред квантитет. Едноставно е, и еве пример: еден квалитетен другар е подобар од сто неквалитетни.
7. Бајки само те прават несреќен. Ако правиш тоа што ти викаат дека треба да правиш, многу е можно да се разочараш. Терај по твое.
8. Забавата е твоја работа. И ако сакаш да уживаш во животот, не треба да ги следиш туѓите идеи за што е забавно.