7 тајни што мејкап-индустријата не сака да ги знаете

Можеш ти колку сакаш да се занесуваш дека а) сè ти е јасно, б) не те интересира, ама кога користиш шминка, уште па и брендирана шминка, и Јутјуб ќе ти понуди ваков наслов, кликаш и слушаш.

И не е сеедно. Марлина Стел има свој бренд и можноста да биде од другата страна на вратата во мејкап-индустријата ја учи на ствари што нас можат да ни се видат интересни.

Од пушка и од прва: Скапите и евтините брендови работат со исти производители. Ова значи дека луксузна шминка и шминка што се продава во супермаркет се меша во истите лаборатории и да, точно е дека си постојат вакви и онакви формули, скапчиите имаат и свои патентирани и знае да има разлика меѓу скапа и евтина фирма, но!

Разликата во трошоците за доаѓање до формулата на скапиот и евтиниот бренд не е голема.

Ова значи дека можеби е нешто ситно поскапо да се произведе камена пудра на Шанел од камена пудра на е.л.ф, ама не до таа мера едното да се продава за 5 евра, а другото за 105. Што значи, плаќаме име, репутација и пакување - производот е најевтиното нешто што може да се додаде во равенката.

Понатаму - руменилото е сенка. Можеби ќе биде помалку пигментирано, ама сенка е - состојките се исти. Затоа и има највисок профит во однос на тоа колку чини да се направи, а колку се заработува на него.

И ако сакате да вложите во бренд што најмногу пари истура во формулата, наместо да троши на фенси пакување, гуглајте професионална шминка. Нив не ги интересира шишенце што личи на замрзната шофершајбна.

27 март 2023 - 00:00