Ни првиот целосен трејлер на „Малата сирена“ не се спаси од тролови

Си почнаа со негативни реакции уште кога се појави веста дека Ариел ќе биде црна, си продолжија до сега.

Првиот комплетен трејлер се појави минатата недела и навидум се чувствуваше позитивна возбуда. До тој момент имаше само тизери и беше жива радост да се види Ариел поубаво. Сепак, брзо се заборави дека од среќните реакции, побучни беа негативните, со илјадници коментари на негодување од кастингот. Додека Јутјуб уште прикажуваше дислајкови, на тизерите се броеа во милиони.

Џош Гад, (гласот на Олаф од „Frozen“ и ЛеФу од „Убавицата и ѕверот“) застана во одбрана на филмот, без да штеди зборови:

„Замисли да си толку скршен и патетичен во животот, за главна грижа да ти биде бојата на кожата на измислена сирена што пее,“ пиша на Твитер.“

Уште кога објавија дека Хали Бејли ќе ја игра сирената, се појави хаштаг #NotMyAriel, како да било која Ариел освен нацртаната ќе завршеше работа и како да има било каква естетска и идеолошка смисла рециклирањето на совршени постоечки цртани.

Актерката вели дека е навикната и дека не била премногу изненадена од коментарите. За Пипл ја објасни важноста црнкиња да ја игра легендарната улога:

„Знам дека ако се видев себеси кога бев помала, дека ќе ми се сменеше целата перспектива.“

Инаку, трејлерот; Ариел е многу убава. Принцот е досаден. Урсула е Мелиса Мекарти:

20 март 2023 - 00:00