Во март 2021, Ени Бонели на свои 16 години објавува видео на ТикТок како пее песна на плејбек. Со тек на време стана позната како „Девојката со лузната“, заради лузната што ја има на левата страна на лицето од повреда во 2020. Во последниве две години виралноста на Ени расте и таа стига до над 812.000 следачи. Лузната менува боја и форма. Атипичното задравување станува тема на конспирации, па луѓето внимателно ѝ копаат по видеата, во обид да дознаат дали е фејк. Дури и ТикТок доктор се вклучи. И ова кажува многу за состојбата на автентичноста на интернет во моментов.
Дали лузната е лажна или не - не е битно, темата овде е како алгоритмите знаат да поттикнат (често опасно) однесување во потрага по уникатност. Имаше и една во 2015 што лажеше дека има хетерохромија (очи со различна боја). Тоа што Ени Бонели е во таа категорија со лузната, дали ѝ дава причина да очекува дека признанието од интернетот ќе ѝ остане, дури и ако сосема ѝ ја снема?
Според една докторка, пластичен хирург - Мелиса Дофт, иако лузните се непосакувани од повеќе аспекти, „додавањето деформитети и состојби на индустријата за убавина е директен одговор на претерано филтрираниот живот што повеќето од нас го водат.“
Потрагата по уникатна, дефинирачка карактеристика не е нова работа. Кајли Џенер често ја покажува лузната на ногата од повреда како мала, Кели Роуланд со години имаше бемка што ѝ се шеташе по лицето и ги збунуваше фановите, па имаше и хакови за лажни пеги на ТикТок.
Да пробуваш да сфатиш дали една тинејџерка си црта лузна на лицето нема поента, како и голем дел од времето поминато на социјалните мрежи. Истовремено, ова ни одвлекува внимание од многу реални и екстремни работи што се случуваат во реалниот живот. Лажните драми онлајн дефокусираат од крајностите што се случуваат во позадина, каде што се менуваат системи и закони, или со други зборови, најпаметно е да си бркаме работа и помалку да се секираме што секој индивидуален корисник прави на некаква си платформа, а повеќе да размислуваме за тоа по каква патека самата платформа нè води како колектив. Далеку од тоа дека некој „намерно дефокусира“, ама звучи мудро повремено да се направи пауза, да видиме до каде сме дојдени.
И да, ако се навратиме на првичниот проблем - автентичноста на интернет и барањето уникатност по секоја цена, еве го докторот:
@doctoryoun Is the Scar Girl’s scar REAL or SUS? Thank you @wtmab for spreading scar awareness and the fact scars don’t take away from anyone’s beauty! #scars #scargirl #scargirlannie #scar #keloid ♬ Roxanne - Instrumental - Califa Azul