Нагалено ги викаат „Сите се победници“, и според математиката на Форбс ич не се „поклони“, кога ќе се фати и владата на оро.
Комплетите ги склопува компанијата Дистинктив асетс и оваа година беа 126.000 долари. На овој начин, брендовите што се вклучени добиваат реклама само со тоа што им даваат на победниците и номинираните нови работки за пробување.
Даночната служба во САД ова го гледа како приход што се даночи.
„На стапката од 37%, тоа се 46.620 долари. На државата Калифорнија (тие што живеат таму) ѕвездите треба да и платат плус 13,3%, што значи околу 16.000. Значи 63.378 долари данок,“ велат од Форбс.
Оваа година имаше патувања по историски имоти, ботокс, липосукција, сапун за раце и други корисни и некорисни глупости.