„Roar“: Феминистички бајки и врвна екипа

Минатиот викенд, на Епл ТВ се појави Roar. Уште кога се најави, имаше многу реакции - антологиска серија од 8 дела со Никол Кидман, Бети Гилпин, Синтија Ериво, Алисон Бри и Мира Сиал, меѓу другите. Уште повеќе се зголемија очекувањата кога се разбра дека епизодите се адаптирани по колекција од раскази со истиот наслов, чиј автор е Сесилија Ахерн (од P.S. I Love You).

Барби стварно стигна до вселената

Во 1965 излезе Барби-космонаутка, а сега, благодарение на Меѓународната вселенска станица, куклата отпатува во вселената.

А да пробате да бидете посебични?

Нека ви текне на чувството кога последен пат рековте „не“ на нешто што ич не ви се правело. Не дека треба да си морон што никогаш не помага на никој, ама знаеме точно да наброиме кога со тешко срце сме избрале себичност и сме си го зачувале разумот и раатот заради тоа.

Време е за токсичност и болење уво за сè

Никој не веруваше дека ќе дојде ваков предлог на толку ишкање на сè токсично, ама еве го: доаѓа ерата на „дивите“ девојки. И тоа не диви, како значењето од ’80-ти, демек „нескротливи“, туку буквално диво, од шума извадено, неисчешлано.

Мистеријата за Мерилин Монро на Нетфликс

Кога ќе помислите на Мерилин, кој опис прво ви паѓа на памет? Прекрасна? Талентирана? Sвезда? Не ви текнува на тажна?

Доста беше љубезност

Според School of Life, време е да престанеме да се трудиме да бидеме љубезни цело време.

Не наседнуваат само бумери на Инстаграм-измами

Измами по Инстаграм колку сакаш, а жртви - најмногу од поновиве генерации.

Зумерите не ти седат на работа несреќни

Прагот на толеранција им е многу понизок отколку на претходните генерации.

Жената зад златните фустани на Климт

Слика од Густав Климт се познава од далеку - портретите со златни фустани, инспирирани од Јапонки, еден од нив и инспирација за филмот „Жената во златно“. Денес делата му се продаваат за стотици милиони, особено оние со шарените, скоро психоделични принтови, но прашањето е - постоеле ли стварно? Ако да, кој ги создал?

Што ако паднеш во кома во 4-та средно и се разбудиш денес?

Истражувањето е во вид на нов филм со Ребел Вилсон, Senior Year, или по нашки, „Четврта средно“. Доаѓа на Нетфликс на 13 мај.

Убавината и ранливоста на Мерилин Монро

И осум фотографи што успеале да ја фатат.

Мајката и кумата на современата научна фантастика

Да се раскажува и да се истакнува, додека не сфати светот колку многу работи им должиме на жени

ОнлиФанс никогаш нема да забрани порно

Ова доаѓа откако се зборуваше дека платформата планира да „ублажи“ со содржини.

Ред е да се престане со „работам и нешто на страна“

Она што во свет се вика „side hustle“, или „чепкање“ нешто дополнително, освен основната работа што ја имаш, а почна пред неколку години - не е добро. Идејата дека сѐ може да се постигне, само ако работиш доволно вредно е стара колку и капитализмот, но концептот на пукање по шевови само за да се изнесеш на прав пат е многу 2020-та.

Баталете Тифани, постои алка со дела од Рембрант

Ова може да е туѓ концепт за народ што смета дека Сваровски е врвот, но еве, ова парче накит постои и чини 10.000 евра. За 10.000 евра ќе помисли човек дека треба да е опточено со дијаманти, ама дијаманти има колку сакаш, а Рембрант е само еден.

Бутик на Шанел не им дава на Русинките да си ги носат ташните дома

Бутик од Дубаи бара од клиентките да не ги носат купените парчиња дома во Русија. Како одговор на ова, руските блогерки си ги сечат ташните на парчиња или си ги бараат парите назад.

Бизарниот куршум-градник од ‘40-те и ‘50-те

За сликиве има две можности - обични слики се, а само таков градник имало за да личиш средено. Второто е дека толку им изгледал добар што морале да го овековечат. Замислете денес да се шетавме со на Мадона Жан Пол Готје-то под маица? Чудесно. Што им се чинело? Што требало да се постигне? Природната форма? Која природна форма?

Лекции по продуктивност за луѓе што работат ноќе

Повеќето финти за продуктивност како да се фокусирани на луѓе кои најдобро функционираат рано сабајле, заради што извисуваат „ноќните птици“ што најмногу работа бркаат кога ќе се затемни светот.

Како се бега од социјални мрежи, според Рене Зелвегер

Звучи лесно, не е, ама вреди да се проба.

Бриџертон костими - втора сезона

Овој пат се истовремено и подобри и полоши од претходната.

Можно е да си „должите“ спиење

За некои, спиењето е еден од најдобрите делови од денот - за други, доволен сон е малку потешка работа. Но, долгови треба да се враќаат со време.

Исклучителна мејкап уметност

Мими Чои сме ја имале тука, ама девојчето не престанува. Бескрајно инспирирана од надреализам и упорна да ги шокира и воодушеви нејзините следачи благодарни што одлучила дека нема да биде учителка, туку уметник пар екселанс, станува сè подобра и сè побизарна. На нејзините 1,7 милиони следачи можете да им се придружите тука.

Џабе бараме љубовни совети од друштво

Можеби некој ви рекол да пратите порака каде што не треба, или бетер: да не пратите таму каде што треба. Во секој случај, многу е можно советите од другарите или другарките во одреден момент да ве оставиле сами, разочарани или со каење што воопшто сте ги прашале „што да правам.“