Од оваа опција ќе можат и да се откажат, после апдејтот што ќе дојде во наредните неколку недели.
Инаку, новитетот го внесуваат за да може корисниците „да контролираат“ колку ја користат апликацијата и во обид да ги охрабрат тинејџерите да го менаџираат времето поминато со телефони. Корисниците на платформата треба да имаат минимум 13 години, а сите до 18 секоја недела ќе добиваат нотификација со „извештај за поминатото време на неа“.
Тие што ќе ја исклучат нотификацијата, но ќе поминат над 100 минути на ТикТок, ќе добијат друга нотификација. Родители исто така ќе можат да одредуваат лимит за нивните деца и да добијат пристап до информацијата за користење на апликацијата.
ТикТок инаку го викаат кокаин меѓу социјалните мрежи - истражувањата покажуваат дека предизвикува најголема зависност и истовремена е најопасен, поради што мора да се најде чаре по секоја цена. Не престануваат ни контроверзите околу неговата поврзаност со кинеската влада - меѓу најголемите социјални мрежие е и има над милијарда активни корисници месечно, па канадската влада е најновата на списокот што ја забрани апликацијата на владини апарати.
Не информираат за демографските податоци, но од страна на огласувачите и експертите за социјални мрежи се смета за клучна платформа ако сакаш да им продаваш на луѓе под 34-годишна возраст.