По 8 март:

Жени што треба да ги знаеме: Емили Шиндлер

Емили Шиндлер е сопругата на хуманитарецот Оскар Шиндлер. Филмот ги овековечува неговите напори да спаси 1300 Евреи во Втората светска војна, а неа ја прикажува како партнерка што го поддржува. Во реалноста, Емили била еднакво инволвирана во мисијата како и Оскар.

Оскар Шиндлер имал фабрика што произведувала воени залихи и ги убедил нацистите да не му ги земаат вработените Евреи затоа што му биле многу потребни. Истовремено, намерно произведувал фалични куршуми за да ги саботира нацистите. Во една ситуација, Емили Шиндлер пресретнала караван од четири вагони кои пренесувале 250 Евреи во логор на смртта и ги убедила нацистите да ѝ дозволат да ги однесе во фабриката на нејзиниот маж за да работат.

Откако ги одвела затворениците во фабриката, се грижела за нив додека не оздравеле. Дури и кога се штедело на храна и владата воведувала рестрикции, Емили успевала да најде доволно храна за да им помогне на прегладнетите жртви да ојачаат.

Нејзиното херојство е во голема мера изоставено од филмот. Неколку години откако излезе (и доби Оскар) филмот, новинарката Ерика Розенберг објави биографија за Емили Шиндлер за да ги истакне нејзините храбри дела.

10 март 2023 - 00:02