„Монопол“ е смислена за време на Големата депресија и енциклопедиите го пишуваат Чарлс Дароу како креатор. Сепак, една жена со име Елизабет Меги ја има смислено идејата децении пред да му текне на Дароу.
Нејзината верзија, The Landlord's Game, била далеку поумна и политички попрогресивна. Ја осмислила да има два сета правила: Со првиот се наградувале сите играчи штом ќе се создадело богатството. Со вториот се наградувале само играчите што правеле монопол и ја смачкувале конкуренцијата. Целта на Меги била да се научат луѓето што ја играле играта дека првиот сет на правила е подобар.
Дароу со ова не се согласувал. Ја украл играта, ги тргнал првите правила и конечната верзија ја потпишал како своја. Меги ја имала продадено на Паркер Брадрс и добила 500 долари за неа. Дароу ја продал неговата години подоцна и заработил милиони.
Меги починала во 1948, без да добие ни признание, ни пари за нејзината креација. Вреди да ѝ се спомне името во пресрет на 8 Март.
Во детали, на Букбокс.