По 8 Март:

Жени што треба да ги знаеме: Лисе Мајтнер

Физичарката што, без разлика на нејзината интегрална улога во откривањето на нуклеарната фисија, не доби признание за својата работа.

Била млада но фокусот ѝ бил исклучиво на физика и никогаш не влегла во романтични врски, туку живеела за својата работа.

Мајтнер работела со уште еден научник, Ото Хан, чија задача била да ги изведува експериментите кои давале докази за концептот на нуклеарната фисија. Мајтнер ја напишала теоријата што ги објаснувала резултатите на Хан.

Кога Хан го објавил трудот со нивните откритија, го изоставил името на Мајтнер.

Има тврдења дека Мајтнер, Еврејка што се криела во Шведска во тоа време, се согласила да не биде потпишана бидејќи трудот се објавувал во сред Втора светска војна. Но, дури и да е ова вистина, воопшто не ѝ го препознале придонесот по завршувањето на војната. Само Хан ја добил Нобеловата награда во 1944, а Мајтнер едноставно била заборавена како учесник во откритието што го промени светот:

„Низ годините, живееше само една верзија на приказната. Мајтнер, еднаквиот партнер на Хан во институтот цели 30 години, погрешно стана позната како негова асистентка.“

На Мајтнер барем постхумно ѝ направија чест во 1994, кога елементот 109 беше наречен „мајтнериум“.

9 март 2023 - 00:00