Жени што треба да ги знаеме:

Жената што ги откри пулсарите: Џослин Бел Бурнел

Пулсари се ѕвезди што емитуваат зраци на електромагнетна радијација - и Џослин Бел Бурнел ги има откриено уште пред да заврши факултет.

Откривањето на пулсарите е од критична важност, бидејќи со тоа се докажало дека откако ѕвездата ќе експлодира во супернова, не исчезнува само така. Напротив, остава густи, ротирачки ѕвезди што испраќаат радијација.

За времето поминато како една од ретките жени во науката, ќе каже:

„Беше исклучително тешко. Последните две години од курсот ги завршив како единствено женско, беа 49 мажи и јас. Традиција беше кога ќе влезе жена на предавање, мажите да тропаат со нозете, да викаат, да свират и да удираат по клупите. И со тоа се соочував на секој час, последните две години.“

Нобеловата награда за ова откритие отиде кај нејзиниот супервизор, Ентони Хјуиш и уште еден астроном на истиот универзитет, Мартин Рајл, но не и кај Бурнел.

За ова има кажано:

„Тоа време се веруваше дека науката ја прават, ја водат мажи... А ова се случи и во момент кога имав мало дете и се мачев да најдам некој да ми го чува, да комбинирам кариера и тоа пред да биде прифатливо жените да работат. И во еден момент, ова ми кажа дека мажите добиваат награди, а жените се грижат за деца.“

Од тој момент, Бурнел се бори за заштите на жените во високите образовни установи.

8 март 2023 - 00:00