Резултатот е градба со 14 студија свртени кон север, секое со тавани високи 5 метри и џиновски прозори за да влегува доволно светлина за сликање. Во следните неколку години се појавуваат уште неколку слични „згради со ателјеа“. Со тек на време, работите се менуваат, но дури и новите станари се познати по нивната уметничка жичка.
Сега, како ретко кога, е ослободен еден стан. Цената му е 4,4 милиони долари (со 6963 за месечно одржување), а има две спални, две ипол бањи и тераса на кров. На десет минути пешки му е Линколн Центар, а агентите за недвижнини кажуваат и кој воз/метро му е најблиску, како да му се верува на некој дека тие што ќе го купат ќе користат јавен превоз.
Еве го, чисто онака: