Научивме што е „тригер“ - но, што е „глимер“?

„Тригер“ си влезе во редовна употреба во културниот лексикон, но малкумина имаат слушнато за спротивната варијанта: глимер.

Како да се промени курсот на непродуктивно утро?

Продуктивно утро значи различни работи за различни луѓе: за едни е вежбање пред 9, за други полнење на машината за садови пред да излезеш од дома, да вратиш на мејлови додека пиеш кафе или да анализираш проект пред да влезеш на состанок. Но, придобивките од чувството на продуктивност не се сведуваат само на штиклирање работи од список - утрото може да му даде правец на целиот ден.

Чекај да видите како се вика пролетниот тренд за коса

Плејбој-плавуша. Ќе пишевме и плејбој-русокоса, ама не е тоа-тоа.

Фран Либовиц за шамарот што се слушна ширум светот

Њујоршката авторка и позната социјална критичарка Френ Либовиц споделува мислење за настанот што никако да престанеме да го коментираме: Оскаровскиот шамар.

Се носат ли деца на свадба?

Да го видиме тој мудоња што на македонска свадба на поканите ќе напише „без деца“ и ќе остане жив. Ама сериозно, што ако сакаш да правиш свадба и едноставно не сакаш да ти се мотаат деца, бе?

Знаеш дека е драма кога ќе се вклучи и Педро Алмодовар

Режисерот Педро Алмодовар седеше во близина на Вил и Џејда Пинкет Смит на Оскарите и нефилтрирано се вклучи во дискусијата за она што го нарекува „насилна епизода“.

Нема пострашно од бумер

Така барем нè учат новите хорори. На зумерите (Генерација З), негативците во хорор им се - старци.

Му треба ли на еден моден бренд лого?

Затоа што, Ботега Венета инстантно се препознава со меката касета-ташна на огромен билборд.

Ве интересира од каде доаѓа Пенивајс?

Сега ќе има origin story серија.

Светот се заморува од сочувствување

„Преплавени со фотографии што до скоро нè шокирале и предизвикувале индигнација, го губиме капацитетот за реакција.“

Има ли место за кралското семејство во современиот свет?

Месецов, Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон тргнаа на турнеја во три земји на Карибите како дел од продолжената кралска прослава на платинумскиот јубилеј на кралицата Елизабета - полни 70 години на тронот.

Еклектичниот милански стан на Франческо Рисо

Креативниот директор на Марни има сончогледи прекриени со цемент и волнен ѕид. Вреди да му ѕирнеме.

Суровата реалност на „нежното родителство“

Пристапот цвета затоа што се раководи според чувствата на детето. Но, што запоставува?

Да се гледа шамарот на Вил Смит во живо

Шамарот што се слушна ширум светот, во сред нешто што беше прилично строга оскаровска церемонија. Крис Рок излезе да додели Оскар за најдобар документарец, и баш како кога го водеше настанот во 2016, ја закачи Џејда Пинкет Смит за избричената глава и кажа дека „едвај чека втор дел од Џи Ај Џејн“ (Пинкет Смит има алопеција). Она што следуваше фрли сенка на целото шоу.

Дали е време на црвениот тепих да му се пристапи како Кристен Стјуарт и Зендеја?

Секоја година се вклучуваме - дали за време на манифестацијата, дали наредниот ден на Инстаграм - на црвениот тепих на Оскарите за да видиме кој што облекол. И секоја година има по 2-3 брилијантни моменти, другото веќе станува досадно. Сепак, се наоѓа по некој погодок од луѓе чиј тим стилисти + карактер е совршена комбинација за да се дојде до резултатот „И јас ли морам да носам хаљина“? Ги бираме нив за најјаки, другите - онака.

Носталгични Оскар-фотографии

Никогаш доста од потсетување на едни поромантични и помирољубиви времиња... Или нам така ни се чини од што сме отруени од новово време.

Губење амбиција

Ја напуштив идејата за амбициозност за да ја бркам апсолутната средина на патот: медиокритет. Ова, без никакво изненадување, доаѓа по последниве две години - две години полни интензивно пандемиско чување деца во комбинација со полно работно време. Сакам едноставно „само да бидам раат“ и нема да дозволам размислувања за успех или качување на кариерната скала да ми застанат на патот. Новиот сон ми е да нема цели, само „енергија“.

Иднината на порното е небинарна?

Новите изведувачи ја трансформираат индустријата, порното го прават поинклузивно, поекспериментално, а за некои и многу поинтересно.

Јакутск, улична мода

Да не ви е уште ладно?

Како постигнува Синтија Џерманота?

Познато ви е презимето? Мајка ѝ на Лејди Гага е во прашање. И освен што ѝ е мајка на Гага, претседателка е на фондацијата Born This Way која поддржува добросостојба на младите и со нив гради заедници и „го прави светот пољубезен  и похрабар“.

Зошто да не смееме да ја кажеме вистината за Лиа Томас?

Лиа Томас, пливачката што победи на американскиот колеџ-шампионат минатата недела е машко. И затоа што е машко - со тело што е повисоко, пошироко и посилно од женските натпреварувачи - победи на тој натпревар. Кога пливаше покрај други мажи, стигаше до невпечатливото 554-то место.

Можно ли е „кловновско“ да е новата мода?

Ако е за верување модниот Тикток, живеевме во свет на кловнови. Хаштагот #clowncore има 210 милиони прегледи и спојува голем број креатори на модни содржини облечени во јаки примарни бои, мешани дезени и принтови и претерани текстури.