Зошто Марта Стјуарт и на 81 изгледа толку добро

Финти на козметичарот на Марта Стјуарт: Од третмани на лице со бисери, до пареа и извлекувања. А 81 е богами стаж.

Марта Стјуарт им е на многумина идол - во секое време изгледа како да ужива во животот, лицето ѝ е џам, нонстоп има goals-сликички на Инста...  А тврди дека немала лифтинг и дека нема Фотошоп на слики.

Мајсторлакот е на Марио Бадеску - името на брендот е  романскиот хемичар и фармацевт, познат по вниманието на детали, со ригорозни анализи на кожа и кроење на третманот според индивидуалните потреби на кожата. Состојките се на растителна база, формулите се дизајнираат за да ја хранат и збогатуваат кожата, а цената за овој пристап е причина што најчесто ѕвезди и луѓе со високи примања се одлучуваат за Марио Бадеску.

Сепак, некои правила се за сечиј буџет:

1. СПФ секој ден.

2. Рутина направена специјално за твојата кожа.

3. Третман на лице на секои 4-6 недели за одржување на здрава и блескава кожа.

4. Апдејт на режимот за нега на кожа, за да одговара со сезонските промени.

5. Да не се игнорира вратот, деколтето или околу устата.

6. Забрането стискање на проблематични точки.

7. Да не се мешаат препишани креми по рецепт со обични средства што се купуваат во драгстор.

8. Секогаш да се отстранува шминка пред спиење со адекватни отстранувачи за лице и очи.

Козметичарот на Марта Стјуарт уште додава и дека се огромни придобивките од специјално скроена рутина во тандем со третмани за длабинско чистење.

Советот за жени над 60 години, пред сè е да се заштити кожата од изложеност на сонце со користење на средство за заштита секој ден, за да се избегнат прераните знаци на стареење како тенките линии, брчки и промените на тенот. Секоја недела се препорачуваат и производи што задржуваат влага и прават нежна ексфолијација, за да се ослободиме и од мртвата кожа.

Нека не ве мрзи.

22 февруари 2023 - 14:47