Од Амазон имале шанса да добијат своја „Игра на тронови“ преку „Конан варваринот“ и ја изгубиле затоа што директорката решила дека приказната ѝ е претоксична во однос на претставувањето на машкоста. Во „Конан“.
Алма Малер не била обична жена: првиот бакнеж ѝ бил со Густав Климт, водела дневници за животот во Виена како Анаис Нин за Париз (со уште повеќе лажење) и толку го излудела љубовникот што побарал да му се изработи секс-кукла што ќе личи на нејзе кога ја прекинала аферата.
Нема промашување фризурата, тоа што иритира е кога ќе кажат „лесно се прави“, па ќе се фатат за пегла или фигаро. Како кога ќе кажат „ручек за пет минути од ствари што ги имате по фрижидер“ и ќе фатат да сецкаат авокадо за во блендер. Знаеш дека ќе трае.
Да наречеш класичен мирис „бапски парфем“ стана толку прифатен момент од разговорниот јазик на тема убавина и козметика, што звучи како безазлен, дури и хумористичен опис. А не е ни едно, ни друго.
Пред да стане ова што е денес, Њујоршката модна недела била далеку по интимен и поексклузивен настан. Не само тоа - Втората светска војна одиграла клучна улога во зачетокот.
Персоналот во куќата Кларенс каде што досега живееше кралот Чарлс бил известен за потенцијален отказ поради неговата преселба во Бакингемската палата, по смртта на кралицата Елизабета.
По смртта на Дајана, јавноста се бунеше дека кралицата „не покажувала емоции“, иако ако поразговарате со разумни локалци, веднаш ќе им текне на моментот кога си ги грабна внуците и си ги однесе во Балморал.
Во рани 2000-ти, Дејвид К. Шилдс поминува шест сезони снимајќи модели, дизајнери и славни личности зад мистериозните завеси на модната недела. Пред социјалните мрежи, бекстејџот беше релативно приватен простор каде што примаа само акредитирани фотографи. Црно-белата естетика додава филмски квалитет кој го балансира лошото светло зад сцената и му дава подобра контрола на резултатот - во тоа време се седело по студија и се сецкало тоа што може да помине. Интересното е што новите фотографи повторно се фаќаат за сликање со филм.
Не е новост кога ќе кажеме дека животите ни се во голема мера онлајн, ама Фесјбук има намера уште повеќе да го развие тоа. Она што го нарекува Метаверзум има потенцијал да стане една утопија, но отвора и нови начини на кои некои луѓе се привилегирани.
Концептот на STO (Small Things Often) или „мали нешта - често“, е мантра развиена од Готман институтот кој има многу што да каже кога се работи за избегнување разводи.
Можеби сте налетале веќе скролајќи по Фејсбук, најава за видео со реакција на новиот крал, Чарлс, каде што е „толку дрзок“ што нацијата не знае што да мисли. И си викаш, два дена е крал, одма ли ќе се дере?
Во моментот кога почина кралицата Елизабета вчера, Чарлс автоматски стана крал. Таа стана монарх што најдолго се задржал на тронот, а Чарлс стана најстариот наследник.