What's in my bag? е феномен од ултра-гледани видеа, каде што популарни ликови ја покажуваат нивната (најчесто брендирана) ташна и од нејзе вадат секакви чудесии, од кои дел се таму ставени за да покажат колку е личноста одговорна, колку е внимателна, па колку е богата, па колку е начитана (Хејли Болдвин, сега Бибер, имаше некоја книгетина што точно се гледаше дека не се знае што бара таму, на пример), па што е средена, што е организирана, па еве „овој производ баш тука ми се најде, шознам, многу е добар, не е ова спонзорирано видео”, и такви некои смислени финти.
Алекса Чанг на почетокот на нејзиното „излагање” кажува дека баш и нема поима што ќе извади од внатре (наспроти Ешли Греам што наводно ја има најсредената ташна на светот), и скроз е очигледно, со оглед на тоа што во време кога цигари се ЃАВОЛОТ, девојчето вади - кутија цигари. Се извинува, ама - тоа е.
Како ќе познаете во иднина дека видео од овој жанр е местено?
Нема тампони.
За разлика од кај Алекса.