Што има најзгодната жена на светот во ташна?

Прво, чие е ова дете?

Во топ 100 најсекси жени според списанието Maxim, Хејли Болдвин е на прво место. Со чудниот вкус на светот денес за тоа што е убаво, или можеби чуден во однос на тоа што беше најубаво пред 15 години, не е дека баш точно се знаеше кој ќе биде прв, ама кога ќе ги земеш сите околности во предвид, има логика.

Ако татко ѝ и чичко ѝ (Стивен и Алек Болдвин) глумеа во филмови и на телевизија за да достигнат една популарност (највеќе во '90-ти), патот на Хејли Болдвин е поинаков. Таа треба да се појави, да ја направи фацата научена од татко ѝ, да ги соблече огромните дуксери што ги носи, и лонг стори - шорт, од 17 до 20-годишна возраст да стигне до 10 милиони следачи на Инстаграм. И да ја помине скалата каде што е популарна заради презимето и да се качи на погорна скала каде што може и Стивен да го рекламира.

 

A post shared by Hailey Baldwin (@haileybaldwin) on

Сепак, не ќе да е само тоа. Она што го освојува светот е што за разлика од другите од тоа „squad“-от, што им е сега као финта, девојчето делува многу - нормално. И долго пред да се случи насловната страница на Максим, Вог отиде до кај неа да ја праша - што носи во ташна.

А дали носи медицински книги затоа што е стварно слоевит лик, или изводи затоа што тогаш веројатно уште и била тинејџер, ќе видиме допрва.

Следете ја на Инстаграм, многу е кул.

12 јуни 2017 - 12:00