Почина Нино Черути

На 91 година се одјави еден од великаните на италијанската мода.

Да се биде асистентка на Анри Матис

Велат, зад секој голем маж стои жена. Во случајот на Анри Матис, таа жена не била неговата сопруга со која бил во брак 40 години, туку една шворц бегалка која едвај преживувала во 1932, кога нашла привремена работа кај сликарот. Името ѝ е Лидија Делекторскаја, и без разлика што никогаш не му била љубовница на Матис, имала толку големо влијание во домаќинството, што жена му на крај рекла „или јас, или таа“.

Двајца доктори и 11 митови за стапала

На пример, постои правилен начин за сечење нокти на нозе.

Кога Силвестер Сталоне го извадил Вуди Ален од памет

И така добил една од своите први филмски улоги.

Најновата жртва на „освестените“? Сексот и градот.

„Воук“ културата собра уште еден скалп. На „Сексот и градот“. Да, незадоволни со чистката низ факултетите и корпорациите ширум Англосферата, сега култот кон коректната мисла закла една од најдобрите серии во доцните ’90-ти и раните 2000-ти.

Џина Дејвис и жените во Холивуд

До моментот кога Џина Дејвис го снима „Телма и Луиз“ во 1991, веќе е позната по „Битлџус“ и „Тутси“. Имаше и Оскар за „Случајниот турист’. Сепак, баш со тој филм ѝ се случила промена, благодарение на Сузан Сарандон.

Анџела Басет изгледа добро. Точка.

Ова, по повод оние „комплименти“ со опашка: „Изгледаш добро за годините“. Со своите 63 години, Басет знае дека изгледа добро и нема потреба луѓето да ѝ го кажуваат тоа, особено ако го додадат тоа „за годините што ги имаш“ на крај.

„Тело како татко“ е прифатливо. А „тело како мајка“?

Зборуваме за термините dad bod и mom bod, или во превод, сè што гледаме по улица и не е дотерано со саати теретана, благо заокружено, опуштен стомак и незамарање - за машки. И родено, немано време за внимавање на линијата и исто така заокружено - за женски. Првото е нормализирано, второто не баш.

Спојлерот во „Озборувачка“ што не беше спојлер

Фановите на „Озборувачка“, и тоа оригиналната серија, не ова новово, мораа да чекаат до крај за да го дознаат идентитетот на Озборувачката. И се гледаше дека се измачиле некако да го протнат тоа, и глупо беше, ама ете - пројде. Сега тврдат дека имало хинт уште во првата епизода.

Филмски парови со ужасна хемија

Она кога филмот сака да ти протне дека „овие двајца многу се сакаат“, а некако не ти се верува.

Натали од „Всушност, љубов“ не беше дебела

А кое друго време е поприкладно за оваа дискусија, ако не денешново.

Примери на здраво однесување што луѓето и понатаму го презираат

Колку пати сте биле предмет на мајтап кога ќе кажете „не пијам алкохол“? Или дека сакате да чистите? Некои работи се всушност здрави одлуки за човекот што ги прави, но сепак налетуваат на необјасниво незадоволство кај другите.

Кај Џон Галијано дома

Има на почетокот на епизодата многу фина филозофија: „Предметите инспирираат, и тоа не само во однос на енергијата што ја носат, туку и нашата врска со нив.“ Опкружете се со вакви предмети.

Украинскиот министер за култура се побуни за „Емили во Париз“

Министерот ја гледал серијата и ич не бил задоволен.

Тајната на остварување на новогодишните одлуки

Според некои истражувања, само околу половина од новогодишните одлуки стигаат до половина јануари, а ич да не навлегуваме колку од нив се за цел живот. Но, има еден неконвенционален пристап за санирање на овој проблем. Се вика „старогодишни одлуки“.

Како да си најдеш работно место со добар баланс на „работа-живот“

Новото време донесе работење од дома, а со тоа и потешкотии да стигнеш до моментот на гасење компјутер и одвојување на работата и приватниот живот. Се појавија и безброј статии, истражувања и иницијативи на работа за постигнување на подобар баланс на работа-живот.

Што е „мамурксиозност“?

Hangxiety, од hangover и anxiety, или на нашки - кованица од мамурлак и анксиозност, е кога после ноќ помината со алкохол, наредниот ден вадиме симптоми како за анксиозност.

Каков е тој „Хари Потер рејунион“ без Џ. К. Роулинг?

Екипата (барем дел од неа) на „Хари Потер“ се собра да прослави 20 години од првиот филм во специјална епизода на ХБО. Зборуваа тројцата најбитни, па Роби Колтрејн, па Хелена Бонам Картер и Гери Олдман, тројца од режисерите и други слични важни имиња. И имаше 2-3 архивски снимки од Роулинг без која еден куп деца сега немаше да имаат кариери, а милиони ширум светот немаше да имаат - Хари Потер.

Одиме во вилата на Лагерфелд

И, затоа што го нема да нè пречека (читај: да ги пречека гостите од Вог), во негово име тоа го прави една од неговите најблиски пријателки, Леди Аманда Харлех, која со него има работено во Шанел од 1996.

Илустрации од животот меѓу сите телефони, таблети и екрани

Беатрикс Пап е дизајнер и пред две години почнува серијал од илустрации за луѓе животни и технологија. И како ретко кога, во нејзината визија технологијата не е ѓаволот. Ги нема тие мрачни, извитоперени слики од пропаднати луѓе што зјапаат во екран. Не, ако сме искрени, животите ни се опкружени со технологија. И често тоа супер изгледа.

Мрачното минато на Лореал

Глобалниот козметички конгломерат Лореал има посветено над 100 години на убавината на нашата кожа, порачувајќи ни дека „вредиме“ по билборди и списанија. Исто толку време има поминато и пресликувајќи преку своите грди брчки предизвикани од не-баш-беспрекорното минато.

Хемијата зад колачите

Нека не ве лаже престилката: пекарите се всушност луди научници.

6 работи што не сте ги знаеле за Жозефин Бејкер

Без разлика што е од Сент Луис, многу години името на Жозефин Бејкер било непознато за просечниот Американец. За просечниот Французин - и тоа како било познато. Закопана е во Пантеон мавзолејот, заедно со Виктор Иго, Волтер и Марија Кири.

Која е Леди Керолајн Блеквуд?

И легенда и легендарна пијаница, иако тврдела дека пијалокот што го произведува нејзиното семејство е гаден. А кој е пијалокот на нејзиното семејство? Па, Гинис.