До скоро, пред дваесетина години да речеме, луксузна козметика се купуваше на многу поинаков начин: продавачка стоеше зад пулт со козметика во стоковна куќа и помагаше да се снајдеш.
Сефора скроз го менува тоа. Можеш да влезеш, да се шлапаш, да пробуваш, секој може што сака да прави сè додека не оштетува, а задржано е тоа старското, да те поднашминка „продавачката“ чија улога сега ја исполнуваат феноменално нашминкани дечки и девојки облечени во црно.
Компанијата одигра неверојатна улога во креирање на современата козметичка индустрија со неконвенционални бизнис стратегии кои ја доведоа до брз успех, а ни адаптацијата на пазарот во пандемија не им е за потценување.