Отклучување на креативноста, дури и кога „не те бива“

Ако мислевте дека креативноста е вродена особина, размислете уште еднаш.

Многу луѓе веруваат дека креативното мислење е тешка работа - дека способноста да се смислуваат идеи ја имаат само некои талентирани индивидуи, а повеќето останати не. И медиумите често сликаат вакви портрети - личности со чудни карактеристики и уникатен талент, отворени кон новие идеи, исксутва и перспективи.

Сето ова создава една непријатна слика за тие што себеси се сметаат за конвенционални мислители, како и за тие што немаат креативни професии, како на пример сметководители или аналитичари на податоци. Се пропушта клучен момент за тоа како креативноста функционира во мозокот. Креативното мислење е нешто што го правиш секој ден, без разлика дали ти е јасно тоа. Плус, се работи за вештина што може да се извежба.

Според некои истражувања, дури и ново интерпретирање на фрустрирачка ситуација може да ја зголеми креативноста на конвенционалните мислители.

За креативност се смета добивањето и реализирањето идеи кои се нови и корисни, поточно, креативните мисли се оригинални и неочекувани, но истовремено и можни и корисни. Секојдневни примери има многу - комбинирање на остатоци во фрижидер за нов оброк, смислување нов начин да завршиш работа по дома, или смислување комбинации за облекување.

Уште еден начин да се биде креативен е и кога на една ситуација ќе се погледне низ друга леќа и ќе се променат чувствата. Овде го има тој елемент: се одвојуваш од веќе постоечката перспектива и претпоставка и смислуваш нов начин на размислување.

Негативните емоции се неизбежни во животот и работата, а сепак луѓето често ги кријат нивните негативни чувства, или си го одвлекуваат вниманието од мислење на нив. Истражувањата покажуваат дека луѓето можат да вежбаат флексибилно размислување секој ден кога ќе се соочат со негативни емоции. Иако немаат секогаш контрола над надворешните услови, имаат слобода да одлучат како ќе се справат со емотивните ситуации - и можат тоа да го направат на начин што ќе ги вклучи и нивната продуктивност и нивната општа добросостојба.

20 јануари 2023 - 00:00