Грешката со СПФ што треба да престанеме да ја правиме

Во ред, се научивме дека средство за заштита од сонце мора, во секое време. Но, повеќето повторуваат една иста грешка.

Поради таа грешка, можно е да ги ограничуваме бенефитите на кремите што ги користиме. Едноставно е - ставаме на лице, но ги запоставуваме другите разголени делови од телото.

Лицето е првото што се забележува во надворешниот изглед, но тоа не значи дека рацете, вратот, грбот и било што друго видливо кога има сонце не треба да се оддржува. Експертите велат дека СПФ се става на лице, на уши, на врат (особено задниот дел) и рацете, дланките и градите.

Кој возел 400 километри до море на сончево време и добил крокодилска кожа на рацете - знае.

Не е проблемот само стареење и убавина - и за заштита од рак на кожа се работи - особено кај луѓе со семејна историја на таа болест, луѓе што користат солариуми, луѓе што лесно горат, или имаат природно руса или црвена коса.

Кога бирате СПФ производ, без разлика на нијансата на кожата, користете го редовно и нека биде:

  • најмалку 30-ка
  • да штити од УВА и УВБ зраци
  • ако може да биде отпорен на вода и пот
  • нешто што ќе уживате да користите секој ден.
27 јануари 2023 - 00:00